Автор Тема: Често вклучување на вентилаторот на моторот?  (Прочитано 4967 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #15 на: 05 Јуни 2014, 21:23:54 pm »
Незнам што се паничи човекот ама ако почне да чепка може само да си направи поголем проблем... Колку за споредба Рав 4ка бензинец стара 4 години вчера пошто беше околу 30 степени надвор, во место колата (без уклучена клима) во рок од 10 минути уклучи минимум 6-7 пати перка на по 20 секунди.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #16 на: 06 Јуни 2014, 02:59:58 am »
Кај мене цело време врти перката. ;D

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #17 на: 07 Јуни 2014, 17:46:13 pm »
дали колата има ДПФ? кај возилата со ДПФ доколку се возат на кратки релации температурата на моторот не е доволна да развие висока температура во филтерот и самиот повлекува гориво и се зголемува температурата во филтерот. Затоа после гаснење вентилаторот сеуште работи да го олади филтерот. Провери си ова на Волво форум или сл.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #18 на: 07 Јуни 2014, 18:14:00 pm »
Да има ДПФ. И тоа е работата. Денес ја однесов до еден сервис и тоа ми го кажаа. Инаку е се ок. Фала ви на помошта. Поздрав,

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #19 на: 13 Август 2020, 01:03:15 am »
Мал бамп - прв резултат на Гугл со пребарување "вентилатор кола температура" ми ја даде темава.

Мојот Леон забележав дека почна да го прави истово од вчера. Буквално истото. На кратки релации уклучува перка, иако температурата надвор е 27-28. Стрелката за температура на антифризот не мрднува од 90c (на средина).
Вчера го забележав дека се изгаси кога ја изгасив колата, а пред малку си вртеше 3-4 минути и кога излегов од кола.

Не сум го возел баш периодов на отворено, а си сака...

Дека до сега возев старо Браво, не ми ни текна дека DPF може да дава вакви "симптоми". Почна да ме нервира што се вклучува перката на нормални температури надвор, ама ете...

https://www.google.com/amp/s/georgetownvw.wordpress.com/2012/04/30/why-does-my-tdi-cooling-fan-run-after-shutting-the-engine-off/amp/

https://www.seatcupra.net/forums/threads/fan-noise-after-turning-car-off.432908/
« Последно менување: 13 Август 2020, 01:10:35 am balanar »

Отсутен Em

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #20 на: 31 Март 2025, 16:37:52 pm »
Едно прашање на темава. Перката се уклучила да работи после кратко возење во град, работела цела ноќ со тоа што дго потроши и акумулаторот. Ја однесов колата на 3ца дијагностичари сите викаат дека се е во ред со колата. Ја возев на долга релација околу 100км да се поднаполни акумулаторот после 2-3 ч кога отидов на паркинг пак отишол акумулаторот , значи се укл во меѓувреме и го потрошила. Понудете некој електричар каде да ја однесам или што може да биде. Се работи за Ауди а4 2.7 V6 мотор 20106год

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 129
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #21 на: 31 Март 2025, 20:32:08 pm »
Едно прашање на темава. Перката се уклучила да работи после кратко возење во град, работела цела ноќ со тоа што дго потроши и акумулаторот. Ја однесов колата на 3ца дијагностичари сите викаат дека се е во ред со колата. Ја возев на долга релација околу 100км да се поднаполни акумулаторот после 2-3 ч кога отидов на паркинг пак отишол акумулаторот , значи се укл во меѓувреме и го потрошила. Понудете некој електричар каде да ја однесам или што може да биде. Се работи за Ауди а4 2.7 V6 мотор 20106год

@Em Ауди во 20106 година сеуште произведува мотори со внатрешно согорување? Како успеа од таа иднина да напишеш порака во форум во 2025 година?