Автор Тема: Дилема околу купување на половен автомобил од Ц сегмент  (Прочитано 576 пати)

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Размислувам околу купување/увезување на половен автомобил од Ц сегментот. Имам неколку потенцијални модели па би сакал да слушнам искуства совети за на крај да направам подобар избор.

Автомобилот не би поминувал годишно многу км, веројатно не повеќе од 9000км годишно за што сметам дека бензински мотор би бил посоодветен, дополнително без турбина за намалување на потенцијалните проблеми/дефекти и поевтино одржување. буџетот е околу 5000е

Оние модели што ги размислувам се: honda civic 1.8(8 ген.), renault megane(3 ген.) 1.6 16v, ford focus 1.6(2 или 3 ген.)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34198
  • Таков е животот... јебига
Колку ти е буџетот?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9154

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 110
Имаш уште една низа прашања на кои пожелно е да одговориш за да добиеш релевантни предлози. Минимум година, снага, creature comforts и тако даље

Отсутен tronon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
буџетот е околу 5к еур, немам дефинирано минимум година се зависи од тоа кој модел е best buy. Исто доколку знаете дека одреден мотор добро се покажал посочете го.
Битно е да е поевтин за одржување не се потребни екстра/спортски перформанси, пожелно да е поекономичен(мада од тоа што го гледам атмосферски бензинец од Ц класа би бил околу 8-9л кротко возен(градска)). Немам преференца околу одредена марка и модел, од тоа до сега око ми фати меганот трета генерација 1.6 16v. ама сакам да слушнам искуства/предлози и за други марки/модели.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 612
  • The best or nothing.
Power of Dreams - Civic

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Човекот уште во првиот пост има пишано и буџет, и останати критериуми.

Веќе има и пикирано неколку модели.

Другарка на сопругата вози Хонда 8 ген. но со 1.4 мотор.
Моторчето речиси не се слуша, а богами и прилично економично, знаело и испод 8 да и потроши градска.
Градската и е баш градска, не од Јурумлери до центар :)

Меганот 3 има поудобна вожња, седиштата помеки, гепекот покоцкест и полесен за организирање со куфери, но ентериерот се раскрцкува, и да го додадам катастрофалното решение за промена на полен филтер при што мора да се вади фиока, лајсни и пластики.
Во некои сервиси очигледно практикуваат да.го нагмечат без да ги вадат и потоа да не функционира ладењето коректно. Досега 2 пати му го начукуваат на зетот со таква промена
.

Фокус 3 ген ми е најубав и од внатре и од надвор, и по сеќавање мислам дека има најмал гепек, друго не можам ништо поконкретно да кажам за него.

« Последно менување: 29 Март 2025, 20:46:04 pm Mikius »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14309
Civic 1.8 ако најдеш ти е одличен избор. Нема да имаш никакви проблеми.