Насловот кажува се. Одиме со ред:
1. Чистење на ентериерот:
- едноставно "минење" со правосмукалка. Но не "ради реда", туку длабинско, по можност користење додаток - четка. Тука мислам на теписонот, седиштата, багажниот простор и патосниците (ако се платнени). Четката дава еден освежен лик на теписонот. Доколку се работи за постаро ауто и постар теписон, препорачувам обично средство за чистење прозори (Ајакс, Авакс и сл.) да се напрска на теписонот, а потоа да се помине со четка и правосмукалка. Пробано, проверено!
- пребришување на прашината на шалт-таблата, пластиките кај менувачот, рачната, пластиките од тапацирите и слично. До тука, ентериерот го ставаме на stand by.
2. Екстериерот:
- препорачувам прво за полесно одстранување на прашина, кал од под крилата, како и инсекти од ветробранското стакло, пред да се почне со перење да се нанесе растворен авто шампон (никако детергент за миење садови) во обичен распрскувач (како оној во средствата за чистење прозори), нека одстои 2-3 минути, па тек потоа вода.
- наредно, јак млаз вода (за домашни услови) или ВАП пиштол (во авто-перални). Посебно внимание да се обрати на празните делови (мислам на пукнатините меѓу вратите, спојките на крилата и хаубата итн.), затоа што таму е најголемата концентрација на нечистотии. Значи, фаза на добро "наквасување" на возилото.
- во кофа со вода, растварање на авто-шампон (ќе спомнам уште еднаш - никако детергент за миење садови), додека не се распени. Исто така, битно е да се користи сунѓер со мазна страна, а НИКАКО четка - убиствена е за лакот на возилото! Знаете што следува тука - триење до "миле волје". Битно е да не оставате премногу време пената да стои на возилото, туку што е можно побрзо плакнење на истата! Значи, нема брзање, поминете мал дел од возилото, плакнете - и така додека не го поминете цело ауто. Препорака е да почнете од кровот на возилото, па надоле. Исто така битно е долниот дел од возилото (браниците, вратите и праговите) да ги измиете со посебен сунѓер, затоа што таму се собира најголемата нечистотија, остануваат камчиња во сунѓерот, и веќе на наредното перење ќе го изгребете возилото! Исто така, уште едно - финално плакнење на цело возило. Тука може да го вметнеме перењето на гумените патосници, најдобро е со вода, шампон и четка, и потоа сушење на сонце.
- бришење на возилото (сушење): исклучиво со еленска крпа (сега се повеќе се наоѓаат под името Syntetic Chamois). Собирање на останатата вода на возилото, цедење на крпата - повторување на постапката неколку пати. Не ја оставајте сама да се исуши, затоа што има големи шанси да останат "флеки" од капките останати после плакнењето. Исто така е битно да се избришат деловите помеѓу вратите, околу вратите, и багажниот простор (таму се наоѓаат каналите за проток на водата при дожд, па таму има доста вода, а ако остане неизбришана - остануваат флеки).
- бришење на прозори, фарови, штопови и ретровизорите: може со обично средство за миење прозори, и за најдобар резултат - лист обичен весник. Беспрекорен сјај на прозорот, без траги кои остануваат доколку бришете со крпа, на пример. Да се избрише секој прозор од двете страни. Фаровите и штоповите на тој начин редовно се одржуваат и се "отежнува" нивното пожолтување. Мал совет - пребришете ги и внатрешниот ретровизор и огледалото на сунцобранот на совозачкото седиште. Многу е непријатно кога ќе се качи девојче во кола, отвара да си ја види шминката, а тоа огледало е неретко "узурпирано" од прашина и ништо не се гледа. Засрамувачки, нели?
3. Козметика или "шминкање" на ентериерот на автомобилот:
- премачкување на пластиките на праговите, тапацирите, шалт-таблата. Има доста срадства за таа намена на пазарот, поефтини или поскапи. Се добива сјај и неверојатно се освежува ентериерот. Совет: доколку е распрскувач, не прскајте директно на пластиката, туку прво на крпа - доколку прснете секако ќе се изналепи и на стаклото, така да после џабе сте го бришеле.
4. "Шминкање" на екстериерот:
- најдобро, но не задолжително - премачкување со некој восок. Дава неверојатен сјај, а успат и заштитува. Поради мое лошо искуство, или лош восок, препорачувам за летно време било каков восок, затоа што има помалку врнежи. При контакт со вода, восокот се собира во капки, и остава бели флеки на бојата. А многу тешко се вади после тоа, треба специјално средство за одстранување на восок. За зимно време, исклучиво carnauba восок, но пошто е малку "солен", препорака за тие што можат да си го дозволат.
- Заштита и сјај на гумите - има посебни распрскувачи за тоа, и не само што даваат сјај, туку и ја одржуваат и еластичноста на гумата, со правилно и редовно нанесување.
Значи вака - овие средства јас ги користам, така што се проверени.Одиме со ред:
1. Додатокот од правосмукалката Четка;
2. Средство за миење прозори - Ајакс (има и други, поефтини);
3. Микрофибер крпа за пластиките внатре;
4. Шампон - Sonax TurboWasche (брзосушечки шампон);
5. Сунѓер (макар што јас користам Сонакс МултиСпонџ);
6. Четка за трлање (пред се патосници);
7. Еленска крпа (Sonax Synthetic Chamois);
8. Средство за пластики (Sonax Cocpit Fleger, јаболко);
9. Восок (Sonax Wax NanoPro);
10. Средство за одстранување тврдокорни нечистотии - асфалт, катран, стар восок, смола, пилешки срања (K2 Tar Remover);
11. Carnauba wax ( само, 50 ЕУР-о е, Sonax Carnauba Premium Care);
12. Средство за заштита и сјај на гумите (Arexons Tyre Restorer);
Znaci da se razbereme da ne rece nekoj posle plagijat ovo ono temava ja prezemav od drug forum (
http://koli.com.mk/forum_nov/index.php )i ja objaviv ovde bidejki mi se vide interesna i opstokorisna za site!