Денес прва прилика со убаво време и летни гуми да ја испробам после сите промени.

Eventuri-то вади ненормален звук, ама треба да ја нагазиш да повлече ептен воздух за да се слушне. Инаку дефинитивно се осеќа подобрен throttle response, само треба да се пуштам на некој поширок пат надвор од Скопје за добро да осетам.
Она што ми остави најголем впечаток е разликата во handling после промената на геометријата. Многу побрзо реагира на нагли промени на насока, нема веќе тенденција кон understeer, многу е побалансирана со маааал наклон кон oversteer. Многу полесно се контролира turn-in со гас педала и многу порано можам да дадам гас при излез од кривина. Можда ќе јаде гуми малку побрзо, ама на оваа кола секако гуми не траат подолго од 3 сезони.