7000km апдејдт. Бев во СтепОн, демек да прашам нешто ама дур прашував бидна Stage 1. Има некоја разлика која што ја приметив на првото возење после тоа, сеа веќе се навикнав. Секако многу малку се доби. На хартија 300 - 310 кс и 450 нм. Би требало и максималната брзина да е откључена тоа допрва ќе пробам кога ќе имам прилика. Звучи глупо да ја споредувам со супербот ама несвесно тоа го правам и заклучокот е следен: На автопат сепак некако по сигурно ми делуваше супербот (за брзини над 200). Оваа знае да потскокне малку, мислам и за очекување е тоа бидејќи е доста пократка вкупно а и меѓуоскино мислам. Ама затоа на кривуљав пат ремек дело. Дифолтниот заден погон (првпат за мене) е многу интересен, практично обратно од сите коли до сега што сум ги возел. На пример подуправување имам ако одземам гас, глеаш не ја врти кривината, само стискаш гас и оп на прав пат си.
Само што порачав K&N филтер, во понеделник треба да стигне па ќе видиме дали ќе смени нешто.
Други планови сега за сега немам зошто привремено се откажав од хибрид турбо. Можеби само подобрени лежишта на постоечкава турбина но ќе видиме.
Сега за сега Ми Хепи.