OSRAM има листа на LED сијалици кои се заменски за обичните халогени сијалици и ги имаат сите сертификати кои се за Road Legal. И нема никаков проблем наместо халогенка, да ставиш такви сијалици. Мислам само дека мораш да го чуваш сертификатот. Истите не се воопшто ефтини.
Овие ХТR што се продаваат за по цена од 50-тина евра по бензискиве се (убаво си пишува на нив) за Off Road, што во превод би му значело дека не се за нормална употреба по улица.
Кај нас се уште нема кој да те казнува за светла, така да можеш да си ставиш какви сакаш, па и да немаш светла ич, нема да биде проблем. Проблемот е кога ке поминеш граница, односно ќе влезеш во ЕУ зона. Тука се и Гр и Буг, како најблиски дестинации, каде што може да имаш реален проблем ако патуваш.