
Колата ме служеше феноменално во овие 6 години.
За моторот имам само најпофални зборови, никогаш проблем со снага ни кога била товарена до максимум.
Просечна потрошувачка последни 10.000км е 7.2л, возена претежно во град.
Редовниот сервис е невероватно евтин, односот со сервисерите во Пежо (кај Хубо) е одличен.
Ме изненади што се случи кинење на ребрастиот на 41.000км ама тоа е секако потрошен материјал.
Продадена е само поради потреба за поголемо фамилијарно возило.
Поздрав