Здраво на сите!
Имам Голф 5 2.0 TDI 2008 година, кој го купив со голем ентузијазам но само мака мачам со него веќе неколку години.
Пред извесно време, ми се појави жолта сијаличка (волан) која набрзо стана црвена и воланот, кој инаку е серво, почна многу тешко да се врти. Отидов на сервис и ми рекоа дека наводно летвата е отидена и мора да се смени. Набавив половна летва 150€ и промена и центрирање 60€. Кога излегов од сервис, црвената сијаличка беше изгасена но воланот повторно тешко се врти и не е ни блиску како што беше порано, односно се вртеше со еден прст. Се вратив во сервисот и мајсторот ми вика дека само ја сменил летвата, тоа е негова работа, да го побарам тој што ми ја продал. Го направив тоа, и типот ми вика дека летвата е исправна и дека чим не свети црвено, значи дека е во ред. Но не е воопшто. Знам дека Голф 5 нема серво пумпа и дека сервото е електрично. Само не знам што би можело сега да е проблем. Од мајстори и продавачи преваранти ми е преку глава. Па би сакал да прашам некого ако имал истиот проблем да сподели искуство. Дали продавачот ме излажа и ми продаде лоша летва па сега воланот се врти како автобус да возам, или мајсторот ја утнал работата па не ја наместил како треба, или нешто сосема трето?
Благодарам!