Сви со нови коли и нови теми а јас со стара кола и нова тема
Станува збор за пежо 307 1.6ХДИ караван редизајн од далечната 2006 година,стара лавчина но добро се држи уште на пат
Значи лаво
го донесовме уште во 2019 година директно од Џерманијата и веќе 6-та година тераме га,моментално е на реални 199.500км да се разбереме
Мотор 1.6ХДИ 80кв/109кс еластично и штедливо моторче,некој пат доволно е само да поминам покрај бензинска и од мирисот се полни резерварот и тераме до следечи пут
ДПФ,ЕГР,ФАП систем се е во функција и функционира добро сега за сега така да еколошки сме чисти...донекаде
Димензиите се доста компактни,небаре хеч од 4430мм а внатре доста просторно и гепен ОК,седишта доста добри,добро држи на пат,се на се го препорачувам како половно возило од минатиот век.
Моментално е дојче стајл на штал фелн (челични бандажи без раткапна ориџинале стајл) а си имам и оригинал алуминиумски за летен сет.
Опрема-гола вода
Клима мануелна-таква и сакам да немам заебанции со тие клапните за двозонка клима
Електрика на предни прозори
Електрика на ретровизори
Магленки
Сензор за дожд
Сензор за светла
Folow me
И тоа е друго нема...
Е сеа јас шо имам додадено а неможам без нив е:
Темпомат (Бушав ако читаш да знаеш дека темпомати има само 5 и 6 пина
)
Паркинг сензори ОЕН изглед
Дополнително:
Направив и нов далечински кључ со новиот оен изглед и топката на мањачот ја сменив
Е сеа недостатоци:
Централниот екран почна да ме зеза деновиве,трепери и ја губи содржината па пак се појавува-ако се поправа кажете каде
Радиото не ми фаќа станици-ако се средува и тоа пишете кој може
Климата губе фреон,секоја година надополнувам-исто ако знаете асален мајстор пишете каде
Треба да ги набавам и тие хром лајсните шо стојат напред на грилот на браникот
Треба да правам мал и голем сервис,држачи на мотор и се пропратно шо ќе се забележи да се смени-би појдел било каде Штип/Велес/Куманово/Скопје шо ке ја фати колата од сабајле и да ја заврши до крајот на денот.
Па ете да имам моментално некаква тема шо ке се водат сервиси околу лаво
Слики