Автор Тема: Помош за избор на половна кола до 7500 евра  (Прочитано 1396 пати)

Отсутен Alexandra

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« на: 30 Јануари 2025, 12:06:05 pm »
Здраво до сите
Ќе ве замолам за помош при избор на половна кола за 7000 до 7500евра, бидејќи немам познавање, освен што читам по форуми. Ми треба кола за низ Скопје, истата 2 пати месечно би ја возела до Охрид, не е за фамилија, но, ми треба да има среден (или голем) гепек  (возам друштво со багаж), тоа ми е поважно отколку внатрешниот простор. Да има повеќе од 90ks, да има релативно нормални цени за одржување. Однапред знам дека возилава кои ги одбрав се во различна катергорија, за некои од возилава ќе кажете дека нема потреба, пример мал SUV низ град ама овие ги избрав ради ценовна достапност, надворешна допадливост и некое површно познавање. Доколку имате препорака за некоја од коливе, би ми помогнало дали е подобар избор дизел или бензин за конкретниот модел. Еден куп коли ми се во потесен избор:
1.Citroen C4 Catus
2.Nissan Juke
(се изначитав крајно позитивна и крајно негативни оцени, а мене како женско ми се свиѓа)
3.Honda Civic
(за оваа цена повеќето се пред 2011 и со доста км)
4. Маzda 3
5.Citroen C4 Или Ds 4
6.Peugeot 3008
7.Ford Focus или B Max
8.Hyndai i30
9. Suzuku Baleno
(поретки се кај нас и можно е да не се наоѓаат делови)
10.Kia Soul
(веројатно нема да се најдат делови бидејќи кај нас и веќе не се продава, а Кia Ceed не ми е по ќеиф)
11. Volvo V 40
(ми се свиѓа во секој поглед ама за таа цена тешко ќе се најде)
12. Ауди А1 со 4 врати
Може и друга препорака
И едно дополнително прашање, колку се надувани цените на огласите, во смисла до која цена е пристојно ценкање за цена?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2510
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #1 на: 30 Јануари 2025, 14:08:36 pm »
Од се набројано, мене лично ми се издвојува Цитроен ДС4, а мислам и дека до 8.000 евра може да се најде солиден примерок. Внатре е фантазија, преубави и удобни седишта, таман некој компромис за градско и меѓуградско возење. Само и ова би било некој ХДИ со околу 200к км поминато.

Кактусот е исто така интересен ама дали се наоѓа во тој ценовен ранг, односно за тој буџет би влегол бензинецот со 1,2 мотор (PureTech) кој го бие лош глас (технологија на каиш потопен во масло), имаше ревизија на овие модели ама ќе треба подетално да се провери ова. Јас би гледал дизел ХДИ, може ќе имаш среќа да најдеш за приближно тие пари.

Пошто не тие битно марка/модел, најдобро што понова и посочувана кола, по можност со сервисна книшка и да имаш можност да ја провериш некаде, сепак над 7000 е е посериозен буџет и не би оставил на случајности.

Понова и посочувана би значело некој бензинец со помала км, а од твојата листа Сузуки Балено и Киа Соул ми се некако најблиски до тој опис (квалитетни бензинци со можност за помала км). Тука би вклучил и Киа Рио  https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5267633 . Ова како пример, треба секако да се провери убаво.

Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Startermkd

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #2 на: 30 Јануари 2025, 15:02:30 pm »
Здраво до сите
Ќе ве замолам за помош при избор на половна кола за 7000 до 7500евра, бидејќи немам познавање, освен што читам по форуми. Ми треба кола за низ Скопје, истата 2 пати месечно би ја возела до Охрид, не е за фамилија, но, ми треба да има среден (или голем) гепек  (возам друштво со багаж), тоа ми е поважно отколку внатрешниот простор. Да има повеќе од 90ks, да има релативно нормални цени за одржување. Однапред знам дека возилава кои ги одбрав се во различна катергорија, за некои од возилава ќе кажете дека нема потреба, пример мал SUV низ град ама овие ги избрав ради ценовна достапност, надворешна допадливост и некое површно познавање. Доколку имате препорака за некоја од коливе, би ми помогнало дали е подобар избор дизел или бензин за конкретниот модел. Еден куп коли ми се во потесен избор:
1.Citroen C4 Catus
2.Nissan Juke
(се изначитав крајно позитивна и крајно негативни оцени, а мене како женско ми се свиѓа)
3.Honda Civic
(за оваа цена повеќето се пред 2011 и со доста км)
4. Маzda 3
5.Citroen C4 Или Ds 4
6.Peugeot 3008
7.Ford Focus или B Max
8.Hyndai i30
9. Suzuku Baleno
(поретки се кај нас и можно е да не се наоѓаат делови)
10.Kia Soul
(веројатно нема да се најдат делови бидејќи кај нас и веќе не се продава, а Кia Ceed не ми е по ќеиф)
11. Volvo V 40
(ми се свиѓа во секој поглед ама за таа цена тешко ќе се најде)
12. Ауди А1 со 4 врати
Може и друга препорака
И едно дополнително прашање, колку се надувани цените на огласите, во смисла до која цена е пристојно ценкање за цена?

За низ Скопје, од овие коли, мислам дека Audi A1 1.6 TDI би била супер избор. Лоши страни, позади повеќе од двајца е тесно, багажникот, нема да собере повеќе од два куфери ( или еден голем), ѕирни тука: https://www.youtube.com/watch?v=1ChXx8iMe5s или тука: https://www.youtube.com/watch?v=duxDKK8Pa_w

Отсутен Memento

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #3 на: 30 Јануари 2025, 20:00:42 pm »
Honda Jazz за просторност се добри за својата класа (во случај сепак да се одлучиш за Б сегмент) . Има бензинци со 90кс. Ама веројатно Цивик ти е подобар избор ако начекаш сочуван до таа цена.
« Последно менување: 30 Јануари 2025, 20:19:51 pm Memento »

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1367
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #4 на: 30 Јануари 2025, 21:47:16 pm »
Има добри Сивици по реклама5 со 1.4 100 коња или 1.8 со 140, двата со VTEC. Јас би одел на таа варијанта за тие пари.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14309
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #5 на: 31 Јануари 2025, 01:12:54 am »
Alfa Romeo Giulietta? 1.4 Turbo :)

Отсутен Alexandra

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #6 на: 11 Февруари 2025, 12:15:56 pm »
Фала на одговорите, уште барам и мислам дека барањето ќе потрае :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14309
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #7 на: 11 Февруари 2025, 12:34:55 pm »
А да си увезеш нешто? :)

Отсутен myowntheory

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #8 на: 11 Февруари 2025, 20:03:30 pm »
Dajte nekoe mislenje shto da se uveze i jas sum za do 7500, nekoja ideja nekoj?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7015
  • French diamond
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #9 на: 11 Февруари 2025, 20:16:09 pm »
Ако увезваш рачунај колата треба да е под 5000€, затоа подобро кај нас нешто за 7500, одколку во Германија за 4500.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1367
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #10 на: 11 Февруари 2025, 20:42:04 pm »
Ако увезваш рачунај колата треба да е под 5000€, затоа подобро кај нас нешто за 7500, одколку во Германија за 4500.

Имаш фора до кај 5800-5900 евра (без транспорт, за транспортот пресметувам 300-500 евра да додаваат на фактура) за возило со 120-140g/km CO2 да те фати околу 7500-7600 евра до пред регистрација.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5780
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #11 на: 11 Февруари 2025, 20:57:25 pm »
Ако увезваш рачунај колата треба да е под 5000€, затоа подобро кај нас нешто за 7500, одколку во Германија за 4500.
Тоа шо е кај нас 7500 е некој крш од Германија за 3000/3500, сигурно за лепе очи не го влечкал некој.
Треба да се враќаат 150к на километража, хемиско ако се чувала живина внатре, да се шприца со битумен одоздола кај шо е цело подвозје скапано за да личи на нова, да се мачка кит итн.
Има работа во преварантството не е туку така.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14468
  • Пудингот на шоферството
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #12 на: 11 Февруари 2025, 21:26:29 pm »
Немам слушнато дека во Мк има извор на евтини коли.
Сите се донесени од некаде,дали од Де,дали од Сло,дали од И...Некој платил транспорт,давачки и треба ќар да направи.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Memento

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #13 на: 11 Февруари 2025, 21:48:16 pm »
Предложете страни и совети за увезување – од каде да се гледа? На што да се обрне внимание?

Не е баш така лесно. Балканските (и останатите) препродавачи вребаат нови огласи од горе и веднаш праќаат навака. Треба среќа и од таму да најдеш нешто сочувано за добра цена.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7015
  • French diamond
Одг: Помош за избор на половна кола до 7500 евра
« Одговори #14 на: 12 Февруари 2025, 00:50:07 am »
Ефтино возизо нема ни во Германија, ние ко прашавме со брат ми за Алфа 159, која тука кошташе 5500, за царина и давачки излезе уште плус 3000€. Така да, ќе ја преплатиш секако повеќе од колку што вреди, што и да купиш. Јас би барал во Македонија, наместо да фрлам пола пари за ништо, не дека тука се златни колите, најчесто ги продаваат кога ќе стигнат големите сервиси и трошоци.