Едина маана на А и B класа е ако треба нешто да се работи на моторот, пример алтернаторот да треба да се поправи, наводно цел мотор се спуштал.
Mercedes тоа сигурно го предвидел ама овие мајсторите кај нас тоа чекаат да начукаат работни саати.
За DPF-от не му ја мисли ич. Убаво е еднаш месечно да ја извадиш на обиколница. 100-120km/h обртаите да ти се околу 2500-3000 (пример 5та место 6та брзина) и цепај.
Ова е убава пракса за сите возила што се возат претежно градска, без разлика дали дизел, дали бензин, ...
Толку за тоа. Другото гледај само правилно масло ставај му и филтри.