Автор Тема: Lenovo S540-14API  (Прочитано 706 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17598
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Lenovo S540-14API
« на: 07 Јануари 2025, 20:23:16 pm »
Продавам лаптоп Lenovo S540-14API:

- Copper боја
- целосно метално куќиште
- backlit тастатура со две нивоа на јачина на светлина
- компактни димензии и тежина од 1500 грама
- користен за домашни потреби и поради тоа сочуван одлично
- си доаѓа со оригиналниот полнач

Лаптопот ги има следните хардверски спецификации:

- 14" FHD дисплеј
- AMD Ryzen 3 3200U процесор
- AMD Radeon Vega 3 графика
- 8 GB DDR4 2400HZ RAM меморија (поддржува 12 GB максимум)
- 256 GB SSD диск
- LiPo батерија (со обично процесирање на документи, мејлови, интернет браузинг трае околу 2.5 часа)

Други спецификации може да проверите тука:
https://psref.lenovo.com/syspool/Sys/PDF/IdeaPad/ideapad_S540_14API/ideapad_S540_14API_Spec.pdf

За форумски купувач, ќе го предадам со свежо инсталиран лиценциран Windows 10/11, зависи што сакате.

Цена: 220 евра 180 eвра

По истражување на ebay и наши локални огласи, има идентичен на Reklama5 што се продава за 250 евра, и на ebay што се продава за 300 долари. Простор за договор има во вредност од 4 GB RAM плочка (сакате јас, сакате вие да си ја купите).

Слики:













« Последно менување: 20 Јануари 2025, 09:21:18 am MartinAlfista »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7120
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #1 на: 07 Јануари 2025, 20:51:02 pm »
Прекрасен лаптоп!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17598
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #2 на: 07 Јануари 2025, 21:05:00 pm »
Прекрасен лаптоп!

Многу тешко ми оди адаптацијата на Т14s пластикаријава што ја откупив од работа... Подобро од метално куќиште нема, нема, не ќе се роди...

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3935
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #3 на: 07 Јануари 2025, 22:49:14 pm »
Карбон?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17598
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #4 на: 07 Јануари 2025, 22:56:46 pm »
Можеби тежински, ама во поглед на држење ладно и самото чувство додека се ракува со лаптопот - карбон ми е далеку посродно со пластика.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3935
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #5 на: 07 Јануари 2025, 23:06:46 pm »
Одамна имав некој Х1 од Леново и во споредба со Мекбук Про сега што го терам мислам дека слично е во поглед на ригидност и крутост, да не речам не се осеќа на куцање на тастатура или да го фатиш на ќоше со три прсти и да го подигнеш нема осет на флекс. Ама метал е метал. Ако тоа ти е „тач енд фил“ преференца не може да се смени.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1820
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #6 на: 08 Јануари 2025, 07:41:55 am »
Прекрасен лаптоп!

Многу тешко ми оди адаптацијата на Т14s пластикаријава што ја откупив од работа... Подобро од метално куќиште нема, нема, не ќе се роди...

Јас имам Тинкпад, П14, се сложувам дека алуминиумско куќиште подобро изгледа и лично преферирам, ама, разликата од Идеапад стариот Леново и новиот Тинкпад се небо и земја, тастатура, тракпад, дисплеј (ОЛЕД вс ЛЕД ), поддршка на хардверот на Линукс, во се останато е далеку подобар.

Инаку стварно многу добро изгледа лаптопот, и имаат квалитетни батерии, мојот е стар 6 години (Идеападот), и батеријата уште трае по 4 саати.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4284
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #7 на: 08 Јануари 2025, 09:24:39 am »
Не сум знаел дека Леново правеле и убави на лик лаптопи, не како ова грдосијава од работа, црна пластика само за трескање од земја е  ;D

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3836
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #8 на: 08 Јануари 2025, 10:21:55 am »
Го имам истиов лап-топ но со Интел i5 ЦПУ и 12ГБ РАМ. Топ уред е, лесен, добар екран, убаво изгледа, подобро и потивко работи од неколку години понов и двојно поскап Делл Востро.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17598
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #9 на: 20 Јануари 2025, 09:20:24 am »
Промена на цена од 220 на 180 евра.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17598
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Lenovo S540-14API
« Одговори #10 на: 28 Јануари 2025, 13:51:42 pm »
Ко воли нек изволи. Отворен и за понуди.

ЕДИТ: Да не билдам постови, лаптопот е резервиран.

ЕДИТ #2: Клуч, продадено.
« Последно менување: 30 Јануари 2025, 22:05:38 pm MartinAlfista »