Автор Тема: Што се прави ако вода влегува во електриката/осигурачите?  (Прочитано 622 пати)

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Возам Волксваген Лупо. Има панорамски кров. Некако да се дупне па сега вода тече внатре како и во самата кола.
При обилен дожд, има „водопад“ кај возачкото седиште горе во ќошот. Оно ај што тече него сега мајсторот ми кажа, дека нашол вода кај реле-склопката (relay) позади кутијата за осигурачи испод воланот.

Да, се појави проблем од скоро, при возење целата кола се гаси сама од себе, и требаат некои добри 3-4 минути да стои за да запали повторно.

Дали тоа што се гаси цела кола сама од себе при возење има врска со водата која влага во електриката?
И што се прави во ваков случај?
Да не треба да се менува цела електрика внатре?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6390
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Најпрво да си го одзатниш каналот од покривот до полумесецот, па после за другото не знам.  ;D

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Јебига, тоа мајсторот не беше сигурен зошто се гаси, не па некој од форумов  ;D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 353
  • The best or nothing.
Мењај мајсторот.

Водата може да прави спој. Може да ги оксидира контактите, па да прави беља во иднина. (мада тебе сега те зеза)
Може да има друг проблем, кој сега се јавил, а да не е кривец водата. Има многу варијабли.
Мада, исчисти одводните канали на цела кола. (имаш шеми на гугл)
Во краен случај, дихт маса или силикон, и помини го "пенџерето" горе.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1667
Јебига, тоа мајсторот не беше сигурен зошто се гаси, не па некој од форумов  ;D

Па шо прашуваш на форум?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4976
Јебига, тоа мајсторот не беше сигурен зошто се гаси, не па некој од форумов  ;D

Па шо прашуваш на форум?
Slepec

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1667
Јебига, тоа мајсторот не беше сигурен зошто се гаси, не па некој од форумов  ;D

Па шо прашуваш на форум?
Slepec

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Тачно. Моја грешка.

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Да се извинам, помислив никој не би знаел да одговори, зашто и самиот мајстор како да не е сигурен ;D

Од друга страна немам доверба понекогаш во мајсториве пошто не можам да знам што точно прават. Нити алат имам, нити знам како и што треба да работи.
Еднаш ми сменија дел во кола за кои не се договоривме, и друг пат ми рекоа, ставиле нов дел кога во суштина го поправале стариот, а ми зедоа пари... јебига...

Да, точно, ќе оксидираат електричните делови внатре и веќе се гледа на дело. Најверојатно е до водата...
Изгледа затоа вергла понекогаш и не сака да запали.
Од друга страна, мајсторот ми кажа, компјутерот како да не сака да прати наредба до греачите на горивото, па затоа не сака да запали. Звукот што треба да се јави како крцкање кога го вртиш клучот и даваш контакт пред да запали, и треба да се појави иконата како „навој“ што изгледа на возачкиот панел.

Smeni go majstorot i najdi nekoj sto ke ti objasni iskreno sto e i kako e i sto treba da smenis

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6804
  • French diamond
Или ако толку немаш никој на кој би му верувал, тогаш носи ја во овластен за Рено.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6390
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
друг е братот со реното  ;D

Најпаметно е водата првин да се среди, на суво да се работи.