Штета што во поглед на модели BMW стана нај пацерска марка од сите германски премиум. Ниедно право спортско купе нема, коливе личат како на заебанција да се цртани, внатре па се комедија во споредба со BMW, Porsche, Audi.....
M2 и M4 се далеку поспортски од било што на Audi и Mercedes (со исклучок на AMG GT), да бидеме реални сега. Не-М моделите им се тие што се глупираат.
Ауди го имаше Р8 со 20 итерации од него со 8 и 10 цилиндри, за Мерцедес па да не зборувам AMG GT, SLS моделите и остало. И двете марки имаа некаков си предизвикувач на 911 кој што е бенчмарк за спортско возило. БМВ го имаше смешниот I8 со 3 цилиндри.
Далеку се зад Ауди и уште подалеку од Мерцедес во таа смисла. М2 и М4 се спортски верзии на нормални секојдневни возила, може се за нијанса побрзи од конкурентите во истата класа од Ауди и Мерц но не се ништо специјално. За разлика од Р8 и АМГ ГТ и АМГ СЛС.
Да кажеш дека БМВ се упропастени пошто немаат моментално директен конкурент на 911 е глупо, пошто никогаш не ни имале. Не е тоа рецептот на ///М, никогаш не ни бил во 50 годишната историја на BMW M.
Ауди секако го укинаа R8, Мерцедес се префрла на хибрид 4 цилиндри на повеќето модели. Само БМВ уште се држи до редна 6ка напред, погон позади, и единствен бренд што уште нуди рачен менувач во performance возила. Затоа и М продава повеќе од RS и AMG.
Види, и јас возам БМЊ така да не е дека сум кон некоа марка приврзан. Ама дека се многу лејм во тој поглед, се и не го менувам мислењето. Неможе марка што се пропагира како драјвинг машин да нема воопшто конкурент на 911 во последниве 20-30 години, барем и да пробале да имаат нешто, они не ни пробуваат.
Ауди го укина Р8 ама го имаше 15 години и направи 20 верзии од него која што и најслабата е по спортска од најј спортското БМВ во тоа време веројатно, Мерцедес се префрла во Ц63 на такви глупости и се свесни дека не се продава, но сеуште ги има моделите со В8 машини како ГТ Купе кое што е пропер спортска кола и минативе 15 години имаше грст модели кој што беа прави спортски купиња и во тој поглед им симнувам капа, со такви коли се гради имиџот на брендот.
БМВ не ни има како да го спомнеме во таа тема, Ок им се скроз М4 и М2 али како што гледаме и они почнаа да го следат Мерцедес со хибридите од 2.7 тона кој што во М5 треба да биде некакво спортско возило.
За рачниот менувач нема да коментирам, за МЕНЕ тоа е далечно минато и не ја гледам примената на истиот во никоја кола освен во Миата можеби, али вкусови нели.
Верувам дека имаш гледано на Јутјуб клип како најјобичното 911 е побрзо од М3/4 на стаза, така да не се ни споредливи моделите што ги дебатираме.
Искрено не ги сфаќам на мерцедес СЛС и ГТ моделите, кој има такви пари ќе купи 911 или нешто од Британските производители(примарно Астон Мартин)
Моментално мислам дека 3ка Г20 во нормални и во М изведби е најдобра кола што може да се купи за под 100к.
Се слагам, и јас за тие пари би купил 911. Но се трудат да направат нешто и да се крене имиџот на брендот, другиве не се ни трудат.
Еве и со вложување во Ф1 или било која друга гранка на мото спортот, се тоа може ни изгледа безначајно но малце по малце си има влијание, барем за мене.
Мерцедес има страшни мотори и вложува во Ф1 долго време, Ауди ете им текна решија и они да вложат. Порше и Тојота имаат ЛеМан ЛМП1 возила, БМЊ има тим само во пониските трки на изджливост во ГТ3 серијата.
Пак ќе кажам, за мене лично многу глупо од нивна страна и мислам дека скроз им избледе тој имиџ на марка со нај спортски имиџ од германските.
А да, М3 кај нас почнува од 117к