Колата (не е баш кола Добло Макс е) е увезена како N1 на старо, што значи давачките за увоз биле пресметани без да се земе во предвид давачки за СО2. Јас не сум увозникот и ја купив без многу да се замарам пошто не ми е нешто неопходно да ја носам надвор или од надвор од земјава, но ме замара тоа со ограничување на максмална брзина на отворено и правила за ПП апарати кои се построги, наелпници со лимит на брзина итн.
Така да иако ретко ја товарам и немам преграда помеѓу патничкиот и товарниот простор а регуларно собира 5 патници, ми нема смисла да остане товарно во регистрација.
Ама ако за префрлање треба да доплатам увозни давачки за да стане „цивилно“ нека си тера вака. Само треба да најдам некој што ќе го провери ова формално правно. Пошто на прва на технички ми кажаа цена која всушност е само цена за А тест но не и за формалната постапка и доплаќање на увозни давачки евентулано.