Клабери, знам дека има многу теми, но ми требаат подетални по конкретни мислења и совети околу неколку дилеми...
Положи лепша половина и бараме возило за почетник кое истовремено треба да биде и фамилијарно возило, исклучиво караван или мпв.
Буџет не е формиран, ќе се плати за тоа што треба да се плати. Не сакам да потрошам голема сума, но ќе одам и до 6000 евра ако има ептен асален примерок, мада би прифатил и претходен асален модел за да не платам толку многу.
Што гледам:
Пежо 308 караван 1,6хди 2008-2014g.
Форд Фокус 1,6хди по 2012г.
Форд Ц-макс 1,6хди 2008-2014г.
Дилеми тука, дали Форд има подобра задница во смисла на подвозје. Стравот од Пежо дека ќе се разжабат задните гуми по мое кажано.
Добри и лоши страни на овие 2 модели Форд наспроти Пежо?
Нешто се врти у комбинација Фиат 500л со 1,6 дизелот, гледам има изведба 90кс.
Грешка ли е ова возило да дојде у комбинација покрај погоре наведените?
Нешто што јас сакам да го купам е Мини Кантримен 1,6д.
Колку се доверливи Мини Кантримен?
Нешто што вие би предложиле?
Не доаѓаат у предвид помали а ни поголеми возила.
Ајде, пукајте