Мислам дека колегите ти дадоа добар совет да си ја чуваш Астрата, да вложиш во туле и да гураш неколку години, најповеќе затоа што нема да и земеш реална цена на Астрата, а тоа што гледаш, покрај цената што ќе ја платиш, сметај и на дополнителни расходи во смисла на голем сервис, гуми, потенцијални дефекти на км 300+ со турбини, двомасни замајци, ДПФ, ЕГР, дизни и слично.
Ако веќе мора да се земе МПВ и слично, јас би идел на поефтини варијанти од Туранот, и тоа Ксара Пикасо 2,0 хди со 90 кс, Фиат Добло (мислам дека и 1,3 мјет ќе врши работа), Рено Сеник 1,5 дци, да со таа разлика во цената соодветно ја изсервисираш колата. Нормално ако најдеш здрав примерок.
Во таа категорија би го вклучил и Форд Ц Макс 2005-2008 година, имаш варијанти и на бензин со 1,6 мотор или дизел варијанти со 1,6 тдци и 90 кс (повеќе ги препорачуваат) и 110 кс.
Финансиите се тие, инаку од досегашната дискусија, најдобра варијанта е Цитроенот што го препорача член од тука од Аутовелт, со учество и месечна рата од 100 евра.