@JDM4LIFE ако не ти е проблем, пиши што е болката со Куги-те. 
Од каде да почнам
прва работа , фит и финиш катастрофален, на две од трите напред горе десно на носачот и спојот со врата течеше вода во кабина кога се пере со перач или при јак дожд и се слушаше шум над 80-90 голем,не сакаа да се замараат да го отстранат дефектот, милион пати се жалевме.
Разлика во нијансите на бојата по цела каросерија ( силвер металик боја )
Потрошувачка на гориво (12-13 литра на отворено на нормална вожња , не се 4X4) но и на масло необјаснива од сервисот.
Алтернатор на сите три изгоре во гарантен рок не сакаа да го сменат не влегувало под гаранција.
Маки мачеа да откриат што е не оставаа на пат со празен акумулатор со гости и менаџери во нив.
Редовен мал сервис поскап и од BMW, за споредба имаме и BMW g20 320d сервисот во M-кар е поефтин за 1800 денари од Мида за Кугата.
Шофершајбна требаше да се замени на една, ај што кошта колку за BMW 7-ма серија кај нив туку и ја чекавме 3 месеци.
Ако е надвор под нула целзиус, мислиш дека возиш тома винкович додека постигне работна температура.
Има и уште глупости, но имаме многу возила од различни брендови во фирмата и треба да барам по мејлови што се сум се дрнкал со нив.