Не, тоа е некој вид индикатор што можеш реално да очекуваш. Многу поважни се меѓу-убрзувањата, инсигнијата е тешка и при таква состојба повеќе смисла би било да се земе 1.6 дизелот поради повеќе НМ иако со помалку КС и послаби перформанси на папир, сепак во реалноста многу порелаксирано ќе биде возењето. Штета што не го нудат на акциска цена.
Сепак станува збор за новата Инсигнија, не за минатата генерација. Новата е прописно полесна од прошлата.
Доколку некого го интересира, еве го моето мислење за Инсигнијата со тој мотор:
Opel Insignia Grand SportОд тоа што можев да видам, Инсигнијата што е на акција има стварно солидна понуда на опрема. Жалосно е што е со халогенки.
Истовремено, новата Октавија (а што друго ако не Шкода), има феноменална понуда, за некое евро плус. Не знам, нити можам да знам каква е внатрешната изработка, ама се надевам дека ја имаат драстично подобрено во однос на прошлата генерација, пошто без разлика колку кошташе, едноставно се осеќаше евтино внатре.
И секако дека на крајот на денот, најбитни се преференците и можностите на потенцијалниот купец, а не изразито субјективните мислења на членови на форум.