Така пишав бидејки имам доза на резерва само од аспект на 2 момента, кои можеби не би ги имал доколку се подостапни тест возилата со турбобензин мотори.
Првиот е кога возев тест возило (единствено достапно во 2016) 1.2 tsi 110 коња во сеат ибица некако изгуби здив на угорницата од обиколницата.
Не успеа да задржи 130 во 5та брзина, односно, ја искачив со едвај 120, што и не беше толку страшно
Успут, нека стои како податок дека на 130 моторот вртеше со 3000 вртежи, што многу ми се допадна.
Вториот е што во описот на меѓузабрзувањата од 80 до 120 за 1.3 на Меганот стојат податоци за во 4та и 5та брзина.
Истите тие времиња со 1.4 crdi ги постигнувам во 5та и 6та брзина.
Не дека тоа би ми било клучно да избегнам бензински мотор и да гледам дизел кога би купувал кола. Уште во 2016 првобитно сакав турбобензинец, но главен критериум ми беше обавезно тест возење.
....
1.0 Турбо бензинче ќе ги прави истите работи напишани тука. 1.4/1.5/1.6тб е многу-многу помоќен и по-еластичен во ова сценарио отколку 1.4/1.5/1.6 турбо дизел. 1.4/1.5/1.6тб по перформанси е многу поблизок до 2.0турбо дизел со 150-180кс најчесто поради тројно поголемиот опсег на достапен максимален вртежен момент низ вртежите на моторот.