Се убедува себе како да купи дизел за следно ауто Go for it Krell, Diesel is the new petrol
A ти би купил ново возило од 20к+ евра, па да го пратиш на касап да го конвертираат на плин? Си купил ново и луксузно возило, кое работи перфектно и не испушта ни такт, за наредниот ден да го пратиш во некоја маалска гаража каде што ќе сечат, бушат, чукаат и лемат, НА НОВА КОЛА, за да имаш ебана кола, искасапена. Како ќе работи тоа возило после конверзијата? Како и да работи, твое ќе си биде и ќе си го возиш за век, затоа што гаражата што го направила тоа не може да го отправи. Искасапено е веќе. Ти би го направил тоа на нова кола? Биди реален, не е ова стара канта од неколку илјади евра.
Мислиш дека има мајстор во Македонија што може да смени и исшлајфа вентили во Vti, VVti Mivec и друга варијабилна геометрија, и потоа тој мотор да работи како што работел од фабрика и тие вентили да поминат 300к?
Да си здрав и жив за постов.
Сите проблеми што сум ги имал со возила биле ради наши "извикани мајстори", и пробувам да што помалку влегувам во таков потенцијален ризик.
1. Honda HR-V -
Менувам каиши, свеќици, уље на 80000 км. Не треба да се менува каиш за клима, ама го менувам и тој за да биде све како треба. Го губам денот за да купам се како што треба во поглед на оригинални и квалитетни делови. Одам утредента на пат. Одеднаш почнува климата да не работи. Стигам до Скопје, среќа отворив хауба.. Каишот за клима не го наместиле како треба, прерипал, среќа моја не ми оштети нешто сериозно.
Ова ми го оштети лагерот за климата, и ме кошташе 70 ЕУР + Каиш+расправии со сервисот (не можев да најдам, цело Скопје го пребарав, па изгубив уште една недела).
2. Honda HR-V
Се спремам да одам на пат долг (10000 км минимум поминав тоа лето). Одам во извикан Сервис Тале да полнам клима, демек се знаеме. Ми полни клима, одам да пробам, лади климата, ама се случува на голема брзина да испарува внатре. Демек нормално.
Одам во друг сервис, и им кажувам што се случува.. Нормално било.. Со сомнеж тргам на пат.. Се јавува некакво зуење на момент, кога ќе имам пуштено клима. Пак одам по истите сервиси + уште еден.. НОРМАЛНО БИЛО. И така возев неколку месеци, дури не ми рикна компресорот за клима.
Во Хонда ми бараа 1500 еур, го најдов преку некого за 300 еур половен. Одам да ми го заменат, ми го менуваат. Се јавува пак истиот проблем. Отидовме и во Новус, ме убедуваа дека кај Хонда климите биле бучни и дека било нормално. Ова среќа го правев со еден од мајсторите во АМСМ, па во консултација со Новус и Него, ме пратија кај еден во Сингелич за клими што работи (Прце или нешто така
).
Откриваат дека имам дупло повеќе фреон него што треба, и дека тој вишак фреон ми го зезнал компресорот.
Сервис Тале набутал Фреон, нек има... И тоа ме кошташе пари, време....
3. Хонда HR-V , се спремам за долг пат.. На 120000 менувам Акумулатор (не беше расипан, го менував превентивно), свеќици, уље...
Купував со години во Солид, и стално сум барал квалитетни делови, значи никогаш најевтината варијанта.. Туку која му е најквалитетна. Купувам Свеќици, Филтри итн итн..
Ми менуваат, и приметувам дека колата не работи како треба. Ги враќаме старите свеќици, работи супер.. (NGK купив од Solid). Одам од Рели Рејсинг и купувам Bosch , и работи супер..
Утредента пред пат, откривам дека тече уље од колата.. Испадна дека и филтерот за уље од Солид се погодил срање.. Па пред пат трчав во Макпетрол да купам филтер, и да може да тргнам на пат..
Овој пат не беше мајсторска грешка, туку веројатно проблем со квалитет на деловите.
4. Сузуки Витара.. - Работи супер колата.. Никаков проблем..
Местам во Мида Аларм и централно (не сакав аларм, ама заедно одело).
Од тогаш, проблеми милион. После одење милион пати, на крај една вечер се уклучи алармот сам од себе и не можев да го исклучам и разбуди пола комшилук. Отворив хауба, откорнав жици што поврзуваа сирена, затворив хауба. Нареден ден среќа запали колата, ја одвезов до сервисот ги замолив да одинсталираат све тоа, и да си го задржат. После тоа ми ги снема проблемите што ги имав после монтажата на алармот/централното.
Така да секое рчкање, модифицарање и слично, непредвидено од произведувачот и поготово во Македонски услови сакам да го избегнам. Монтажа на плин е едно од тие, поготово на ново возило