Автор Тема: Preporaka za dobar serviser na Renault  (Прочитано 33930 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #135 на: 23 Јуни 2023, 17:10:20 pm »
Прочитај некој пост наназад, ако си од Скопје, од мене препорака за Виталеда во Маџари (до КАМ маркет) ќе му дојде, некој друг препорача сервис за Рено во Чаир (лоциран одма после Аутолидер)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Dominik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #136 на: 23 Јуни 2023, 22:06:57 pm »
Прочитај некој пост наназад, ако си од Скопје, од мене препорака за Виталеда во Маџари (до КАМ маркет) ќе му дојде, некој друг препорача сервис за Рено во Чаир (лоциран одма после Аутолидер)
Читав другар,да не беше форумов братучед ќе изгореше кај оној преварантот на илинденска
Некој искуство со Мартин турбо сервис од Ченто.

Отсутен KolaSK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #137 на: 26 Август 2023, 20:40:46 pm »
Здраво другари.
Ситуација ко на филм, климата, т.е. вентилаторот престана да работи 2 дена пред да одам на одмор. Scenic 2, 2008.
Ова видео:
Со транзистор од Логинг за 433 денари (можете да го оставите за прелемување во нивниот сервис, јас немав време да чекам, па со другар средивме работа):
https://www.loging.mk/1390/184915/0/ShowProduct/N-Kanalen_MOSFET
И завршена работа, работи без проблем.

Споделувам, бидејќи понудените цени некако не ми одговараа (210 евра нов од официјален Рено сервис со 2-3 недели достава, 3000-3500 на старо од неколку Рено сервиси низ Скопје + работна рака 1000 денари). Би требало и за другите постари Рено модели со истиот модул да работи, најверојатно само локацијата на модулот е различна.
Поздрав.
« Последно менување: 26 Август 2023, 20:46:38 pm KolaSK »

Отсутен KolaSK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #138 на: 12 Април 2024, 07:31:37 am »
Здрво на сите.
Рено Сценик 2 - 2008, мотор 1.6 бензин.
При палење на возилото, после 20-30 секунди светнува аларм дека акумулаторот не се полни (што е точно, мерам со инструмент, напонот е околу 11,5 волти, не 14+ како што треба да биде).
При накачување гас во лер до 3К обртаи, алармот се губи и акумулаторот се полни и колата тера без проблем.
Алтернатор репариран со нови делови, акумулатор нов. Некој совет што би можело да биде? Стартер?

Воедно, при промена на зимски во летни гуми, позади предното лево тркало виси некој кабел, појма немам од каде е, можеби некој знае.
Слика од кабелот: https://imgur.com/a/C0b2PZq

Отсутен Dragan193

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #139 на: 13 Мај 2024, 13:26:36 pm »
Ајде прв мој пост и тоа со неубава содржина но ме испровоцира темата за мајсторот  :)
2017 ноември месец купувам лагуна 3 , колата солидно зачувана , добро оди , ентериер пола кожа , со навигација , 2.0 ,150 кс (до тогаш не сум возел кола со толку кс.) стварно правење кеиф .. после еден месец користење потрошувачката рипа на 13 до 14 литри , почнувам да проверувам дали е стварно толку па гледам по темпоматот , па од ставање гориво до наредно ставање и јбг стварно излева толку.
Во меѓувреме налетувам на овој што се рекламира насекаден ,на фејсбук е под "Reno Servisna Garaza Karpos 4 Skopje" , цени патос , акција на ова , акција на она , па наградни игри со ваучери , па се едни исти слики 3-4 години по ред , со се едни исти слики на оригинални авто делови , па голем сервис со оригинал делови за 12.000 ден итн итн , зборувам за преварантот ТАХИР на кого налетав преку renault club macedonia на фејсбук. И му звонам јас се договараме да ја погледне колата и пошто не сум од Скопје одредуваме ден и отидов.
Се видовме му го повторив проблемот и тој зема ја стави на неговата renault clip sonda или како што тој кажа "оригинал" дијагностика (најмногу заради тоа и отидов) и првo што кажа беше дека ми продале расипана кола со враќани километри и дека колата била дефектна (а во тоа време тој имаше меган 3 гт караван од австрија купен со "не враќани километри" и тоа неколку пати го потенцираше  ;D ) , али во ред што е тоа е , кажа дека му треба некое време за да се осигура за дефектот а во меѓувреме отидов сити мол да го шетам  :-\  , после некој саат се враќам и тој ми вели дека е отиден компјутерот односно дел од чиповите кои што се на него , еден чип коштал 60 евра , ќе сум добиел писмена гаранција и требало да се сменат 4 или 240 евра вкупно , за истите потребно било време затоа што беше јануар многу ладно и не можел да ја сработи во една ден работата заради лемовите , па да сум ја оставел колата и да дојдам наредниот ден , при тоа ми побара а и му оставив капар од 50 евра како гаранција .
Се согласив на ова најмногу заради стравот кој што тој ми пренесе како тоа колата со чиста среќа и до сега одела , можела да направи дефект од 70 , 80 илјади денари , можела на сред пат да се угаси , со компјутер нема играчка итн ... Фатив автобусот и си заминав , интересното стана после пладне кога ми пушти слики на вибер и ми вика еве погледни од киселина отидена е и плочата и треба цел компјутер да се менува а тоа кошта од 800 до 1000 евра , ова веќе стана сумливо и пошто беше на вибер не му одговорив одма , отидов по локалните мајстори од еден на друг кажувајќи им го проблемот и скоро на секој му беше чуден муабетот а некој не ни веруваа , вечерта му пишам дека немам толку пари и дека каква е таква е колата утре идам си ја зимам. Отидов утре дента се видовме повторно ми инакажа како да не сум си играл сериозна била работата , сум можел цела кола да ја фрлам и дека ако не сум бил при пари за нов компјутер ке ми најдел тој и половен али без гаранција  :o
Капарот од 50 евра ми го задржа , 1500 ден. за дијагностиката и 1500 ден. што го отворил компјутерот. Си заминав сеуште под страв дека може нешто да и се деси на колата , приметив дека извозил 20 километрти со колата зошто си ја сликав со телефонот километражата кога му ја оставив , си велам ок до тоа нека е само. Кога стигнав дома прво што направив ја однесов колата на електроничар му велам заебан ми е компјутерот така ми кажаа во Скопје тој кажа ок ајде да погледнеме , ја отвори хаубата ја извади пластиката , па акомулаторот и кога дојде до компјутерот примети дека тој воопшто не е ни чепнат , цел со прашина , штрафовите околу него како од фабрика ни гребнати ни раштрафени , убаво му се изврти неколку пати и ми вика овој компјутер ниту е ваден ниту пак е отваран , ми олесна малку , најмногу во делот на големи трошкови и купување на друг компјутер , но сепак проблемот со потрошувачката остана , отидов и до бошист да ги проверам и дизните , ја ставија на компјутер и се беше ок , закажав термин и во аутомотив груп , дојде веќе средина на фебруар потрошувачката падна на 10 литри отидов и тие таму не најдоа ништо односно најдоа грешка дека не светела задната магленка  :)
Во врска со потрошувачката ми кажаа кога ке дојде на 13/14 литри дојди пак па ќе видеме тогаш , а за ова до сега најверојно било заради тоа што на ресетирана локална километража (а кога ја купив ја ресетирав) и на изминати 300 - 400 километри со просечна брзина од 20 км/h или два месеци само низ мал град , на кратки релации до градинка за девојчето 10 мин , до работа пак толку , на ладно време како што се погодија декември и јануар другачие и не може да биде , ова веќе беше олеснување.
Како се стоплуваше времето така потрошувачката почна да паѓа , дојде лето отидов на одмор на релација од 800 километри во еден правец , стигнав со просечна потрошувачка од 6.3 литри , со 6.5 се вратив . Поминаа 2.5 години од тогаш колата си нема проблем  , но сега ја знам поубаво , знам кога троши кога не  :)
Испадна многу но нека е за ум на други , на мајсториштето бројот е сеуште му е ист 070 363 512 , има на вибер слика кој сака може и да го види , мала забелешка и до членовите на Renault club macedonia на фејсбук до оние од Скопје зошто повеќето и лично го знаат и понекогаш во тоа време и се препираа со него , а кога ги прашував за мислење за тахир сите викаа незнам , нема што да кажам. Незнам можеби мислеа дека сум некој негов човек што прашува од околу што знам , но сепак еве јас јавно кажувам и воопшто не ми е гајле дали тој лично ќе прочита или други ќе му кажат.
Како за прв пат и премногу е , поздрав!

Ах зашто не истражувам убаво пред да идам по сервиси. Истиов сега во 2024та ме заеба. Ама пустиот, морам да му признаам има некоја интелигенција и го вози филмот као нешо експерт, добар речник има, и за закажување со термини е доста доследен, и достапен на телефон. Со тој однос и ме ќари.

Али сепак како беше она fool me once shame on you, fool me twice shame on me. Епа ја застануам на еднаш, доста беше школа да плаќам хаха.

Само сепак некој гледа, постои некоја карма и лошото со лошо се враќа. Му посакувам „среќен“ живот...
« Последно менување: 15 Мај 2024, 10:02:02 am Dragan193 »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #140 на: 07 Јуни 2024, 08:33:18 am »
Значи сеуште си оперира тахиро :(

Отсутен Undisputed Goat

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #141 на: 06 Октомври 2024, 22:13:08 pm »
Искуство со ПСС некој да не има ?

Стануе збор за мал сервис на филтри, за Kadjar 1.3 TCe, али она што ме мачи е што тураат Repsol, наспроти препорачаните од рено Elf или Castrol масла.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #142 на: 06 Октомври 2024, 22:53:54 pm »
ПСС сервисот ако сакаш бесплатна замена нели ако си го платил пакетот при регистрација, мора со нивни делови да биде за да биде гратис работната рака.

Ако носиш сопствени делови, тогаш наплаќаат работна рака, затоа и јас не го ни земам тоа.

Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #143 на: 12 Октомври 2024, 17:38:46 pm »
Здраво, пред 4 месеци купи Рено Меган 2011 .. Колата има проблем со кочниците, углавном има пропадната кочница, кога испуштам воздух кочи 7-8 часа и повторно пропаѓа, го сменив кочниот цилиндар по препорака на други и проблемот не се реши, на мое недоволно истражување ја оденсов колата во Рено сервис во карпош (тогаш незнаев за лошите коментари за сервисот и преварите кои ги прави), муј платив за голем сервис, репарација на турбина, и нова АБС пумпа (ми кажа дека е дефект) платив солено, конкретно пумпата репарирана(демек) ја платив 400е, колата веќе месец дена ми стои во сервисот и цело време ми вади нови проблеми и ме шета, цевки биле запушени, стасала пумпата но била фалична требало друга да пратат. Углавно очигледно е дека колата нема да ми се направи ви скоро време, а поради мојата ситуација колата ми е потребна, и битно многу ми е битно да се направи колата , дали вие знаете некој кој може да го реши тој проблем, или сте имале слични искуства, некој кој нема да ме превари и да ме лаже, ве молам помогнете. Ви благодарам однапред... :)

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 219
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #144 на: 12 Октомври 2024, 17:49:08 pm »

Reno Servis Cair posle Auto Lider od desna strana.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: Preporaka za dobar serviser na Renault
« Одговори #145 на: 12 Октомври 2024, 19:39:09 pm »
Здраво, пред 4 месеци купи Рено Меган 2011 .. Колата има проблем со кочниците, углавном има пропадната кочница, кога испуштам воздух кочи 7-8 часа и повторно пропаѓа, го сменив кочниот цилиндар по препорака на други и проблемот не се реши, на мое недоволно истражување ја оденсов колата во Рено сервис во карпош (тогаш незнаев за лошите коментари за сервисот и преварите кои ги прави), муј платив за голем сервис, репарација на турбина, и нова АБС пумпа (ми кажа дека е дефект) платив солено, конкретно пумпата репарирана(демек) ја платив 400е, колата веќе месец дена ми стои во сервисот и цело време ми вади нови проблеми и ме шета, цевки биле запушени, стасала пумпата но била фалична требало друга да пратат. Углавно очигледно е дека колата нема да ми се направи ви скоро време, а поради мојата ситуација колата ми е потребна, и битно многу ми е битно да се направи колата , дали вие знаете некој кој може да го реши тој проблем, или сте имале слични искуства, некој кој нема да ме превари и да ме лаже, ве молам помогнете. Ви благодарам однапред... :)
Може да ти најдам човек што би ја средил само после муабетов дали ке се нафати пошто тие идиотите масакар ја имаат направено...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)