Автор Тема: Ужасна смрдеа при согорување на дизел гориво  (Прочитано 476 пати)

Отсутен martin101

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Здраво до членовите на форумот. Имам прашање до компетентни лица односно тие што имале слично искуство или ги знаат причините. Како да го решам проблемот со особено токсичен мирис што излегува од ауспухот.

Се работи за Suzuki Swift 2012, 1.3 ddis. Ја купив половна летово. До пред неодамна не се случуваше вака да го согорува дизелот.

При стоење, а моторот работи, наоколу не се дише (барем за мене, објективно). Дел од чадот знае да навлезе и во кабината (при отварање прозор).

Што може да предизвикува вакво согорување? И дали би знаел некој дали е поврзано со варирање на обртаите додека колата е во лер - помеѓу 0.7 и 1.2 рпм. Не е вака постојано ама знае да појави.

Благодрност за секој одговор

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Ужасна смрдеа при согорување на дизел гориво
« Одговори #1 на: 10 Октомври 2024, 11:08:37 am »
Mn pricini ima... da ne probuva regeneracija da pravi?

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Ужасна смрдеа при согорување на дизел гориво
« Одговори #2 на: 10 Октомври 2024, 11:28:54 am »
Здраво до членовите на форумот. Имам прашање до компетентни лица односно тие што имале слично искуство или ги знаат причините. Како да го решам проблемот со особено токсичен мирис што излегува од ауспухот.

Се работи за Suzuki Swift 2012, 1.3 ddis. Ја купив половна летово. До пред неодамна не се случуваше вака да го согорува дизелот.

При стоење, а моторот работи, наоколу не се дише (барем за мене, објективно). Дел од чадот знае да навлезе и во кабината (при отварање прозор).

Што може да предизвикува вакво согорување? И дали би знаел некој дали е поврзано со варирање на обртаите додека колата е во лер - помеѓу 0.7 и 1.2 рпм. Не е вака постојано ама знае да појави.

Благодрност за секој одговор

DPF-от знае да го прави тоа што го зборуваш. Ако ја изгасиш и слушаш како „пецкање“ под кола, тогаш DPF-от ти се уклучил.

Оди извадија на отворено (ако си од Скопје оди провозија на обиколница - држи 2000-2500 обртаи) и после види како ќе се однесува.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Ужасна смрдеа при согорување на дизел гориво
« Одговори #3 на: 10 Октомври 2024, 13:28:37 pm »
Мене ми мориса на дизна

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Ужасна смрдеа при согорување на дизел гориво
« Одговори #4 на: 10 Октомври 2024, 14:00:47 pm »
Исто и мене, ама без дијагностика може да нагаѓаме само.

Отсутен martin101

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Ужасна смрдеа при согорување на дизел гориво
« Одговори #5 на: 11 Октомври 2024, 00:31:01 am »
Фала за одговорите. Белки ќе ми скрати од лутање.