Автор Тема: BMW 320d e90 2006 - Верглање при палење  (Прочитано 765 пати)

Отсутен SomewhereFull

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
BMW 320d e90 2006 - Верглање при палење
« на: 13 Мај 2024, 02:06:12 am »
Здраво дечки пак јас, сега со друг проблем :) ,

Имам BMW 320d e90 2006 и пред некои си 7 месеци ми се појавија проблеми со палење на возилото.

Најпрво мислев дека е поради тоа што е зима, ладно и поради тоа што греачите на ОБД2 ги даваше како грешка, па затоа
- Заменети беа сите 4 греачи
- Заменето беше реле
Исто така и акумулатор заменив (претходно имав некое ѓубре) и ставено е Monbat AGM 100ah.

Бидејќи проблемот беше само на краток период решен, целосно го репарирав и Анласерот.

Проверен е и клучот и нема никакви проблеми со него, исто така при палење не гледам грешка на борд.

Го внесувам клучот и стискам еднаш на СТАРТ/СТОП копчето за да дадам контакт.
Чекам некои си 10тина секунди и потоа стискам на кумплуг и повторно на СТАРТ/СТОП за да почнам да го палам возилото
- Доколку надвор е ладничко, 10тина степени -> Ќе завергла некои си 1-3 секунди и потоа губи снага, и прекинува да вергла.
- Доколку надвор е ладничко -> Може да се случи да вергла непрекинато се додека не го прекинам јас.
- Доколку надвор е топло, 20тина степени -> Ќе запали без проблем, или барем тоа е ситуацијата во моментов
- Доколку го прескокнам делот со давање на контакт, едноставно го ставам клучот, стисната кумплуг педала и директ на СТАРТ/СТОП -> Може да почне да вергла и да изгуби снага, може да вергла непрекинато, или може да запали од прва. Буквално лото.

* * * (Чисто колку за информација) Пред некои два месеци правев редовен сервис и братот ми рече дека моторот имал проблем со кариките и дека прави ЕКСТРА притисок во картер (не помалку, туку повеќе).
Пред да ја добијам информацијава проблемов се имаше еднаш/два пати десено.
Не сум баш сигурен дека ова е све точно и дека ми има логика, па затоа за некое време ќе треба да ја однесам и на друго место да ми потврдат.

Можеби овие две работи се поврзани?
И доколку не се, што би можело да биде?



[ЕДИТ]: ми личи дека направив грешка и на погрешно место ја отворив темава, ги замолувам администраторите да ја преместат.

Присутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3853
Одг: BMW 320d e90 2006 - Верглање при палење
« Одговори #1 на: 13 Мај 2024, 17:02:16 pm »
Звучи како сензот на радилица...

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен SomewhereFull

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: BMW 320d e90 2006 - Верглање при палење
« Одговори #2 на: 15 Мај 2024, 00:01:13 am »
Бидејќи разговарав со мајсторот кој што ми го посочи проблемот со моторот, според него при палење не се стварало доволно притисок па затоа морало да ги запали греачите 1/2 пати за кариките да се опуштат (ако може така да се изразам) и да може да запали.
Демек затоа кога е поладно (10тина степени) сум морал да дадам контакт и да почекам 20тина секунди пред да почнам да ја палам колата.

Искрено не знам колку логика има ова?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6264
Одг: BMW 320d e90 2006 - Верглање при палење
« Одговори #3 на: 15 Мај 2024, 08:03:56 am »
Штом мора "ритуал" пред да го стартуваш возилото, единствена логика е дека има проблем и истиот треба да се реши, без оглед каков е, пошто сам од себе да исчезне, тешко.

20 секунди пред да свртам клуч?

How you do anything is how you do everything.

М - Прв мобилен дитејлер

2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive

[Архивирана] 2002 VW Polo 9n 1.4

[Архивирана] 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16