Автор Тема: Крипто валути  (Прочитано 181 пати)

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 180
Крипто валути
« на: 22 Април 2024, 07:38:56 am »
Здраво
Дали некој на форумот тргува со крипто валути, планирав да пробам нешто такво,
прашувам во НЛБ како оди со повлекување пари ми одговорија дека банката не
подржува трансакции кон страници за крипто валути. Има ли некој друг начин да се
направи ова или и во ова сме изолирани од светот?

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 930
Одг: Крипто валути
« Одговори #1 на: 22 Април 2024, 07:42:07 am »
Здраво
Дали некој на форумот тргува со крипто валути, планирав да пробам нешто такво,
прашувам во НЛБ како оди со повлекување пари ми одговорија дека банката не
подржува трансакции кон страници за крипто валути. Има ли некој друг начин да се
направи ова или и во ова сме изолирани од светот?

Менуваш во USDT и одиш во менувачници крипто во Чаир и вадиш кеш.. За жал легален начин уште нема.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 180
Одг: Крипто валути
« Одговори #2 на: 22 Април 2024, 07:54:43 am »
Здраво
Дали некој на форумот тргува со крипто валути, планирав да пробам нешто такво,
прашувам во НЛБ како оди со повлекување пари ми одговорија дека банката не
подржува трансакции кон страници за крипто валути. Има ли некој друг начин да се
направи ова или и во ова сме изолирани од светот?

Менуваш во USDT и одиш во менувачници крипто во Чаир и вадиш кеш.. За жал легален начин уште нема.
Значи да не прашувам во други банки ако е нелегално.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Крипто валути
« Одговори #3 на: 22 Април 2024, 08:12:44 am »
Не е нелегално per se али ко и се друго во државава, не функционира најдобро повлекувањето кеш на сметка (поради оправдување потекло на пари).

За уплата, можеш директно да си ставиш пари со било која картица што ја користиш за онлајн плаќања. Ја препорачувам binance како постабилна платформа но за жал ништо не е 100% сигурно со крипто менувачниците.

За повлекување пари, како што те советуваа, префрлаш во USDT и во локалниве менувачници кај нас ти исплаќаат кеш. Да знаеш, вака избегнуваш данок на добивка.

Мој совет, немој да трејдаш на дневно ниво пошто е бетер од коцка. Ако ставаш пари во крипто, само BTC или ETH и да ги чуваш долгорочно. Мада и во овој случај биди спремен да ги изгубиш парите пошто не се знае кога ќе пукне балонот.