Не е нелегално per se али ко и се друго во државава, не функционира најдобро повлекувањето кеш на сметка (поради оправдување потекло на пари).
За уплата, можеш директно да си ставиш пари со било која картица што ја користиш за онлајн плаќања. Ја препорачувам binance како постабилна платформа но за жал ништо не е 100% сигурно со крипто менувачниците.
За повлекување пари, како што те советуваа, префрлаш во USDT и во локалниве менувачници кај нас ти исплаќаат кеш. Да знаеш, вака избегнуваш данок на добивка.
Мој совет, немој да трејдаш на дневно ниво пошто е бетер од коцка. Ако ставаш пари во крипто, само BTC или ETH и да ги чуваш долгорочно. Мада и во овој случај биди спремен да ги изгубиш парите пошто не се знае кога ќе пукне балонот.