Продавам возило BMW 328 проект, со фабричка шасија и мотор. Проектот беше наменет за реувоз во Германија, но плановите се променија.
Автомобилот е реткост и дома и во Европа, со фабрички диференцијал, без помош за пролизгување (прва генерација). Во моментов има M3 3.15 шпер, фабрички M-Tech пакет надвор и внатре и полуавтоматска двозонска клима. Има амортизери со штелки марка - TA Technics со можност за местење. Остатокот е целосно фабрички.
Фабричкиот мотор е сменет на 230.000, со половен здрав мотор од англиско автоматско возило на 120.000 км. Дополнително, променети се сите витални делови за моторот и подвозјето, како и системот за сопирање со оригинални делови од Германија. Приложувам листа подолу,
Променети делови;
- Замаец со двојна маса, комплет корпа/ламела
- Инјектори, бомбини и свеќички
- Сите црева за вода и воздух
- Пумпа за вода, затегнувачи и ремени + радијатор за ладење
- Виско на перката за ладење и теростат
- Сите сензори на моторот и ламбда сонди
- Дискови, плочки, сензори за абс и кабли за плочите
- Држачи за мотор, гумени држачи за ауспух и кардан
- Нови гуми Firestone 205/40, 215/40
- Серво летва, комплет црева и казанче.
- Дополнително голем број мали делови...
Колата е во целосна функционална состојба. Останува да се префарба и заштити подвозјето. Форумска цена е можна за членови.
Достапен сум само на Whatsapp.
https://www.reklama5.com/AdDetails/Index?ad=4907431Поздрав,
Стефан