Колата е прекрасна, супер опремена, уште во 2020 ја гледав во салон, малку повеќе „бизнис“ ориентирана, со крем внатрешноста и дрвените детаљи (вистинска кожа и вистинско дрво користат сеуште во Alfa), штета што импортерот не знае да го промовира како што треба оноа што го нуди, па ќе мора еве вака, претпоставувам на компензација да се земе после 3 години чмаење во салон, па после да се дава и испод цена.
Да, јас сум за бензинец, но да имав финансиски можности во моментов, можеби и ќе го размислев аутово, пошто има одличен муабет во Ti опремата и дополнителните работи на колава.