Досадна трка, изгледа заради среќата на Ферстапен пак ќе имаме досадна сезона.
Реално ЛеКлерк и Хамилтон беа подобри возачи од Ферстапен и Сајнц ама не им се погоди среќата. И заслужено е за Сајнц што никој не го пречека во Парк-Феме после подиумот, доколку не беа психиччките проблеми на ЛеКлерк и проблемите со болидот сигурно ќе беше пред Сајнц а и на Хамилтон да не му се скршеше седиштето исто така сигурно ќе беше пред Сајнц и Расел.
Се надевам на поинтересна трка другата Сабота.
Како може Леклер и Хамилтон да се подобри од Верстапен на тркава?
1 секунда во прв круг и после во 3тиот 1.4 1.5 1.6 1.7 во еден круг. Полета.
Леклер имаше ли проблем или сетап не знам ама врска немаше. Врска. 2 грешки едно по друго, го пројдоа сите. Дремеше со расел.
Сајнц беше by far најдобар на трката. Непоимливо над другите. Радиото му беше топ. Си кажа побрз сум од папучиве. За 3 круга ги пројде. Си праша кога ќе му убрзаат гумите. Полета кога Расел проба да му прави андеркат. Стакло. Затоа и си го заслужи 3тото место кое е еквивалентно на прво во оваа трка. Така да чиста победа за сајнц.
Верстапен е толку пред другите во возење да нема муабет, башка и со најдобар болид да не беа новиве правила ќе беше барем 2 круга пред вториот. Ама вака 8-40 секунди напред и круз контрола за да штедиш мотор/мењач/гуми. Дури и софт ставија на крај за да полетаат ако затреба. Не само што редбулот е класа над другите во брзина туку и јаде гуми помалу што го става стратешки уште една класа над другите. Плус возачот што знае да вози и има елан ала Шумахер. Тоа е тоа.
Уште еднаш браво за сајнц. Го направи тоа што верстапен го правеше кога беа надмиќни мерцедесите HAM BOT VER. Сега сајнц беше VER. Ќе има борби со перез веројатно годинава.