Автор Тема: ABS пумпа  (Прочитано 999 пати)

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
ABS пумпа
« на: 30 Октомври 2023, 14:57:41 pm »
Здраво дечки, пред 2 недели ни откажа абс пумпата на шкода октавија 1.9tdi 2006(1Z). Веќе две недели бараме половна, се јавивме на многу места но никаде ја немаат, баравме и во Србија, Босна, Грција... на крај се јавивме во Порше да земеме нова, од таму ни рекоа дека таа пумпа веќе не се произведувала, а последна цена и била 137.000денари. Сега мајсторов наш ќе зборел со некој познаник да прашал во Болеслав дали го имале делот, ама тенка работа дека од тоа нешто ќе искочи, друго што ни останува е да нарачуваме онлајн.

Некој со искуство со нарачување делови онлајн да ми препорача некој сајт? Или па доколку знаете некој што расклопува шкоди, да ми пишете контакт па да си пробаме пак среќа.

серискиот број на пумпата е 1K0614117H

 

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ABS пумпа
« Одговори #1 на: 30 Октомври 2023, 15:30:39 pm »
Аутодок. На адреса во Грција.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: ABS пумпа
« Одговори #2 на: 30 Октомври 2023, 17:13:22 pm »
Голф 5?

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: ABS пумпа
« Одговори #3 на: 30 Октомври 2023, 17:38:49 pm »
Јас нарачав половна од Англија преку Ибеј за претходната кола, ми фати околу 90е. со се шипинг, се погоди добра.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 568
    • ibiz.mk
Одг: ABS пумпа
« Одговори #4 на: 30 Октомври 2023, 18:22:31 pm »
Више од 2000Евра. Па дали су нормалнииииии

https://www.ebay.co.uk/itm/295827643423
~90фунти сосе шипинг
пишува дека работи, продавачот има добра репутација/фидбек (28959продажби / 98.6% positive Feedback)

само да провериш оваа е ...117G, твојата е ...117H

друга опција
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4301015
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4703169
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4051222
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4817871


овие по оглас ги провери ли ? ги има доста за делови октавии на реклама

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: ABS пумпа
« Одговори #5 на: 30 Октомври 2023, 18:39:54 pm »
И за разлика од нашиве огласи, на Ибеј имаш мислам 30 дена гаранција да ти вратат пари ако нешто не е во ред, јас дефинитивно би одел на таа опција.

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: ABS пумпа
« Одговори #6 на: 02 Ноември 2023, 00:32:22 am »
Више од 2000Евра. Па дали су нормалнииииии

https://www.ebay.co.uk/itm/295827643423
~90фунти сосе шипинг
пишува дека работи, продавачот има добра репутација/фидбек (28959продажби / 98.6% positive Feedback)

само да провериш оваа е ...117G, твојата е ...117H

друга опција
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4301015
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4703169
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4051222
https://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=4817871


овие по оглас ги провери ли ? ги има доста за делови октавии на реклама

фала за препораките, се јавив на сите, никој нема.. стварно не ми е јасно како никаде го нема делот половно, ко што видов цела VAG групација го користела

утре од еbay ќе нарачаме од полска, околу 120 евра ќе не фати со shipping

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: ABS пумпа
« Одговори #7 на: 02 Ноември 2023, 11:34:35 am »
Осигурувај се првин дали навистина абс пумпата е расипна. Јас колку што знам, тие пумпи се расипуваат само кога колата ќе направи сообраќајка и механички ќе се оштети....затоа провери си убаво дали е до пумпата
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: ABS пумпа
« Одговори #8 на: 02 Ноември 2023, 13:41:34 pm »
Осигурувај се првин дали навистина абс пумпата е расипна. Јас колку што знам, тие пумпи се расипуваат само кога колата ќе направи сообраќајка и механички ќе се оштети....затоа провери си убаво дали е до пумпата

преку околу 2-3 месеци ни ја лупнаа од напред и ја мењавме цела предница, но на проценка немаше никакви механички проблеми, само лимарија браник и фарови сменивме, можно ли е тогаш да се случило нешто па дури сега да откаже?

а инаку му верувам на мајсторот кај шо ја носиме, 12 години ја носиме колава кај него

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: ABS пумпа
« Одговори #9 на: 02 Ноември 2023, 14:11:20 pm »
Ако може да прашам нешто на истава тема, кај мене престана да кочи на предното десно тркало, не се нафати никој да ја поправа овде кај мене, за поправка во странство се бараше 100 е. затоа земав друга. Знае ли некој овде во Мк што поправа расипан /заглавен еден излез од пумпа, да ја поправам и продадам да не ја чувам повеке дома, за Корса Д 2008.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: ABS пумпа
« Одговори #10 на: 02 Ноември 2023, 14:15:20 pm »
Осигурувај се првин дали навистина абс пумпата е расипна. Јас колку што знам, тие пумпи се расипуваат само кога колата ќе направи сообраќајка и механички ќе се оштети....затоа провери си убаво дали е до пумпата

преку околу 2-3 месеци ни ја лупнаа од напред и ја мењавме цела предница, но на проценка немаше никакви механички проблеми, само лимарија браник и фарови сменивме, можно ли е тогаш да се случило нешто па дури сега да откаже?

а инаку му верувам на мајсторот кај шо ја носиме, 12 години ја носиме колава кај него
ако механички не е оштетена пумпата тогаш нема причина да се расипе но сепак ако мајсторот ти тврди тека е пумпата тогаш барај половна мада е проблем да се најде точно соодветната пумпа затоа што имат некој код кој се поврзува со комјутерот на колата.
ПС: Од поодамна сум имал еден проблем сличен на голф 5, и сите ми викаа пумпата, но на крај еден асален мајстор установи дека всушност треба да се смени само еден сигурач на струја одговорен за таа пумпа. Завршив работа за 20 денари.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ABS пумпа
« Одговори #11 на: 03 Ноември 2023, 01:20:40 am »
Сега се сетив дека роднина на мој школски има сѐ и сешто од возила. Можеби ќе ви се најде на некој.
070 648 687 070 479 059 078 664 244 078 242 985 - Славчо
Има возила до 2023та растурени. Баш деновиве можно е да поминувам таму.
« Последно менување: 03 Ноември 2023, 01:27:59 am nestor04 »

Отсутен ivanduk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 43
Одг: ABS пумпа
« Одговори #12 на: 29 Ноември 2023, 15:20:30 pm »
после 7 недели, стигна делот, денеска го наместија и изгледа е решен проблемот :)

фала ви на сите за препораките да нарачам од ebay, нарачување од интернет последна опција ми беше, а требаше меѓу првите да ми биде, поука за следен пат

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 942
Одг: ABS пумпа
« Одговори #13 на: 29 Ноември 2023, 19:10:10 pm »
Осигурувај се првин дали навистина абс пумпата е расипна. Јас колку што знам, тие пумпи се расипуваат само кога колата ќе направи сообраќајка и механички ќе се оштети....затоа провери си убаво дали е до пумпата

Мене АБС пумпата ми откажа од лош АБС сензор.