@draganamon Дали си имал било какви проблеми со ДПФ? Или почесто возиш на отворено па нема проблем никаков? Заинтересиран сум за Фокус со истиот мотор, па посебно ме интересира ова. Исто и дали си сменил досега термостат со куќиште? Тоа им е така почесто проблем на овие мотори. Колку км досега имаш поминато?
Еднаш светна некоја ламбичка, и баш бев блиску до мајсторот, и одма отидов. Ја изгасив да почекам да дојдам на ред, кога ја запаливме не светеше. Ја ставивме на диагностика, не покажа грешка. Според муабетот и како изгледаше ламбичката ми рекоа најверојатно дпф.
Во Понеделник сум на сервис, баш ке прашам.
Немам сменето термостат, колата има поминато 130.017км
Инаку внимавам и барем еднаш месечно ја возам на отворен пат.
Од проблем имав едно црево што менував пред некој месец, има на темава неколку поста погоре, и пред некое време апаратот на Макпетрол ми ги препумпа гумите, и еден сензор ми појави грешка.
Гумите се препумпаа на 2.8 или 2.9, а треба на 2.4.
Од тогаш уште еднаш ми светна ламба faulty tire sensor, ги проверив гумите ок беа, 2.2 беа.
Тоа е тоа, ако имаш уште некое прашање слободно пиши пораче, ке се слушнеме.