Поздрав дечки, заборавив да отворам тема за мојот нов автомобил.
Се работи за голф 7 2.0тди 150кс 2013, форумско ауто. Ја земав пред точно 6 месеци од нашиот драг и почитуван колега
@Dodo .
Ја земав со ~110.000км, во моментов има ~126.000. Претходниот сопственик согласно карклубовите начела ставил бандажи 17" OZ italia 150 (гуми 225/45/17) и прописно го спуштил возилото со спирали Vogtland -35mm, вградил и клима фолии.
Фино сочувано ауто и внатре и надвор.
Голфот доби ремап кај СтепОн, јас задоволен. Деновиве ќе го измериме на дајно кај нуме, треба да е околу ~185кс и ~400нм мислам.
Вози убаво, влече добро, не троши многу. Во прилог некоја сликичка со слаб квалитет..
Ова е зимскиот сетап, конти 870 205/55/16.
Имам вакви решетки, но се мислам дали да ги монтирам. Да не е пренаџиџана колата, а фино делуваат.
Останува отворена опција за некои убави фарови ако начекам по добра цена и можеби дистанцери 5мм.
Тоа е.