Автор Тема: Летување на западен Крит (септември, 2023)  (Прочитано 1831 пати)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Летување на западен Крит (септември, 2023)
« на: 05 Август 2023, 00:36:43 am »
Ќе се издвојам малку од темата „Ова лето каде на одмор“ бидејќи планирам овде да напишам и ,,мал" патопис по завршувањето, здравје само да имаме. Се надевам се што ќе напишам тука ќе му помогне на некој, некое лето да го избере Крит како свое место за летен одмор.

За сега, сакав да го споделам планот што го склопував некоја недела.
Планирано ми е да тргнeме од Штип на 01.09 (петок) сабајле, па да се стигне во Атина поручек и да се почека траектот кој тргнува од 22ч (по нивно).
Се стигнува во сабота сабајле (околу 06:30) во Ханија, имам резервирано 8 ноќевања во местото Агиа Марина, а на враќање 1 ноќевање во Атина.

Сите места наведени подолу се со линк, за полесно снаоѓање.

01.09 (петок, тргнување) (665km)
   Oдмаралишта:
      Korinos - Olympus Plaza
      Skotina - Avin
      Makrychori - Eko
      Nikaia - Aegean
      Almiros - Aegean
      Atalanti - Olympus Plaza
      Schimatari - Olympus Plaza
   Пристаниште - Piraeus (gate E3) (Anek Lines, тргнување од 22:00, E. Venizelos траект)

02.09 (сабота, Ханија) (31km)
   Пристаниште - Souda (пристигнување во 06:30)
   Сместување
   Плажа - Agia Marina (Cabana Mare Beach Club)
   Маркет - Lidl (Platanias) или Lidl (Agioi Apostoli)
   Маркет - AB Vassilopoulos (Agioi Apostoli)

03.09 (недела) (111km)
   Плажа - Agia Marina (Cactus Beach Water Sports, сакам да изнајмам jet ski)
   Бензинска - Shell (Gerani)
   Видиковец - над Falassarna
   Плажа - Falassarna (Playa Paraiso Bay) (зајдисонце)
   Ресторан - Taverna Spilios (над Falassarna) (да се проба - saganaki, dakos, staka)
   Chania

04.09 (понеделник) (79km)
   Плажа - Loutraki (Loutraki Restaurant & Seaside Bar)
   Плажа - Stavros
   Кафич - Koukouvaya или Nymphes Coffee & Dessert (над Chania)

05.09 (вторник) (81km)
   Пристаниште - Kissamos (крстарење до Balos)
   Плажа - Balos
   Ресторан - Gramboussa (Kaliviani) (да се проба - kalitsounia)
   Chania

06.09 (среда) (182km)
   Видиковец 1 - над Imbrus клисура
   Видиковец 2 - над Frangokastello
   Видиковец 3 - над Frangokastello
   Паркинг - Chora Sfakion
   Кафич - Thea (над Chora Sfakion)
   Плажа - Frangokastello
   Ресторан - Taverna Akti или Sunrise Taverna
   Видиковец - над Plakias
   Плажа - Plakias (Beach House Plakias)
   Плажа - Damnoni

07.09 (четврток) (138km)
   Паркинг - Elafonissi   
   Плажа - Elafonissi
   Ресторан - Taverna Panorama (над Elafonissi)

08.09 (петок) (153km)
   Паркинг - Rethymno
   Кафич - Fraoules (lounge бар)
   Плажа - Rethymno (Baja Beach Club)
   Ресторан - Taverna Fantastiko (над Rethymno)

09.09 (сабота)
    Плажа - ќе повториме некоја што ни се допаднала најмногу
    Chania

10.09 (недела, враќање за Атина) (14km)
   Плажа - Agia Marina (Ammos & Ilios Beach Bar)
   Chania (скоро пола ден)
   Пристаниште - Port of Souda (тргнување од 22:00, грчко време)

11.09 (понеделник, Атина) (30km)
   Пристаниште - Piraeus (пристигнување во 06:30, грчко време)
   Сместување - во Dafni предградието
      претпладне:
         метро (90-min ticket - 1.20€) : Dafni - Agios Ioannis - Neos Kosmos - Sygrou Fix - Acropoli      
         Acropolis (купени карти за 10:00 - 11:00)
         Aiolou Street (ќе се спуштиме пешки од Акрополис)
         Monastiraki Square
         Ermou Street
         Syntagma Square
         метро: Syntagma - Acropoli - Sygrou Fix - Neos Kosmos - Agios Ioannis - Dafni
      попладне:
         Lycabettus Hill (зајдисонце)
         Little Kook (кафич)
         Attic Urban Rooftop или 360 Cocktail Bar (rooftop bar)
         Stavros Niarchos Foundation Cultural Center

12.09 (вторник, враќање за Штип) (665km)
   Check-out
   Ако остане нешто од претходниот ден - може да се посети
   Граница - Evzoni

Некои места што сум ги запишал во Ханија:
   паркинг 1
   паркинг 2
   паркинг 3
   паркинг 4
   Old Town   
   Chania Harbor View
   коктел бар - Nama RestoBar
   коктел бар - Pallas
   гиро - Thraka
   пица - Funky's
   палачинки - Roxani's Crepes
   крофни - Jerry’s The Sweet Foodtruck
   пекара/слаткара - Papanikolakis
   крем пита - Bougatsa Iordanis

Не знам колку од запишаново ќе се исполни, колку нема. Атина ми е малку натрупана како за 2 нецели дена, ама мислам дека ќе стигнеме да видиме тоа што сакаме.
Крит ми е дамнешна желба, но до сега во животов, под сплет на околности (претежни финансии, но и слободни денови) - не сум го посетил.
« Последно менување: 05 Август 2023, 09:33:57 am balanar »

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #1 на: 05 Август 2023, 00:56:09 am »
Одличен план, се надевам дека сѐ што сте испланирале ќе посетите !

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #2 на: 05 Август 2023, 09:21:53 am »
Секоја чест за travel itinerary-то.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #3 на: 05 Август 2023, 11:11:30 am »
Ubavo da pominesh, jas bev na Krit pred 6 godini.
Bev so avion Solun Chania p tamu rentav kola. Bev smesten na 2 mesta. Prvoto beshe centralen krit, a vtoroto zapaden blisku do Falssarna plazata.

Rasporedov ti e mnogu nabien ja vaka ne terav, si cepav edna plaza na den.

Ako vidov ubavo ne si stil vo plan Elafonisi ubavo morence a do nea blisku ima edna diva plaza Kedrodassos taa e vrv

Rethymno i da go skoknesh nema niso da izgubish. Niso posebno.

Mene osobeno mi ostavija voecatok ovie plzi:
Falasarna - pesok voda vrv
Elfonisi isto ubava
Triopertra nekako ubavo temno dlaboko more odma
Kedrodasos

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #4 на: 05 Август 2023, 11:29:12 am »
Го имам Елафониси, мада нешто од годинава забранија паркинг до плажата, па сега горе кај продавниците се направени 2 огромни паркинзи.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #5 на: 05 Август 2023, 13:39:50 pm »
Vaka nabiena agenda nemaat ni politicarive koga e kampanja za izbori.
Izvini sto se mesham ama na odmor ides ili na zamor ? Vaka da odam so ova sto si go iznapisal kje se mrdnam. Odam biram smestaj se ukotvuvam na edno mesto i furam 10 dena. Da moze sekoj den na po edna razlicna plaza od sabajle do vecer ama ova tvoevo e stvarno premnogu.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #6 на: 05 Август 2023, 14:36:30 pm »
Vaka nabiena agenda nemaat ni politicarive koga e kampanja za izbori.
Izvini sto se mesham ama na odmor ides ili na zamor ? Vaka da odam so ova sto si go iznapisal kje se mrdnam. Odam biram smestaj se ukotvuvam na edno mesto i furam 10 dena. Da moze sekoj den na po edna razlicna plaza od sabajle do vecer ama ova tvoevo e stvarno premnogu.

Зависи која возраст е. Во свои рани 20-ти цела Лефкада ја прошетавме, по 2-3 плажи на ден.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #7 на: 05 Август 2023, 15:07:40 pm »
Vaka nabiena agenda nemaat ni politicarive koga e kampanja za izbori.
Izvini sto se mesham ama na odmor ides ili na zamor ? Vaka da odam so ova sto si go iznapisal kje se mrdnam. Odam biram smestaj se ukotvuvam na edno mesto i furam 10 dena. Da moze sekoj den na po edna razlicna plaza od sabajle do vecer ama ova tvoevo e stvarno premnogu.

Не се мешаш, едноставно различен живот, карактери, приоритети и возраст.
Мада за последново, мислам дека јас слично ќе правам и на 56 години ако сум со добро здравје.

Јас да треба да седам на едно место и една-две плажи - нема да одам воопшто, дома ќе си седам. Тоа за мене се залудно потрошени денови.
« Последно менување: 05 Август 2023, 15:14:57 pm balanar »

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #8 на: 05 Август 2023, 16:41:01 pm »
Druze, ti uste se namas umoreno od rabota :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #9 на: 05 Август 2023, 18:45:01 pm »
Druze, ti uste se namas umoreno od rabota :)

Да, од татко ми и мајка ми се париве/платава што ја печалам :)
Транзициони богаташи сме, затоа одам на одмори по Крит и возам Леон од 2010-та.

P.S Ако сакаш да се трампаме - да стануваш во 6 сабајле, да си на работа во Скопје (од Штип) во 07:30 и да се враќаш дома во 17:15.
Или не сакаш?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #10 на: 05 Август 2023, 19:16:05 pm »
Ќе кажеш како ќе правиш кога ќе има 1-2 приколки по тебе да влечеш. Но, тоа е друга тема.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #11 на: 05 Август 2023, 19:39:14 pm »
I Seitan Limani da ja vidish obavezno top e za skokanje

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #12 на: 05 Август 2023, 20:24:59 pm »
I Seitan Limani da ja vidish obavezno top e za skokanje

Ги изгубив ,,преговорите" за таму, девојкава и нешто не е баш за качување/симнување хахах

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #13 на: 05 Август 2023, 20:52:23 pm »
Море, алал да ти е што сакаш, а, и имаш можности/партнер за вакви авантури.

Чекаме голем пост со слики и текст.

Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Летување на западен Крит (септември, 2023)
« Одговори #14 на: 05 Август 2023, 21:23:02 pm »
Со деца на одмор односно на летување, едина авантура што можеш да ја доживееш е да останеш сам у таверна  у 12-13ч, коа се повлекуваат у смештај да преспијат.


Sent from my iPhone using Tapatalk