Автор Тема: VW Golf 3 VR6  (Прочитано 683 пати)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
VW Golf 3 VR6
« на: 23 Мај 2023, 16:00:01 pm »
Епа другари некогаш есапите и плановите не ни испаѓаат онака како сакаме или планираме, бројот на членови у семејството порасна ама бројот на коли у гаражата мораме да го намалиме за еден примерок.

Се продава Голф 3 ВР6 со 2.8 мотор произведена 1994 година.

Голфот е кај мене и брат ми речиси 2 години, шасијата е оригинал ВР6 и не е преправена. Произведена е за Швајцарски пазар и од опрема поседува:

  • Кожен ентериер
  • Греачи на седишта
  • Електричен шибер
  • Електрика на сите 4 прозори





Колата ја земавме со Борбет бандажите на сликата и со спортски амортизери и спирали, од суспензија нема правено промена од моја страна, подвозјето е исправно и нема проблеми.



Уште кога е земена моторот е изваден, сервисирано е ланче, затегач и клизачи за ланецот.



https://i.imgur.com/ZPI25HE.mp4

За цело време додека колата е кај мене е гаражирана и одржувана.





Бидејќи секогаш кога продавам кола сум искрен за секој што е заинтересиран од старт ќе кажам во што има вложување:

1. Треба да се промени уље и филтри
2. Гумите не се добри
3. Има една точка на хауба има летнато камче и една мала длабнатинка на петта врата кај спојлерот
4. Ако новиот сопственик не трпи гласен звук треба заден лонец бидејќи овој е испразнет внатре од претходниот сопственик
5. Истечена е регистрацијата

Колата ја ценам на 4000 евра, кој е заинтересиран бујрум на проба во живо и тогаш ќе дискутираме повеќе :)

EDIT Линк од темата https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25134.0.html
« Последно менување: 23 Мај 2023, 16:28:40 pm GTI16V »

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 3 VR6
« Одговори #1 на: 05 Јуни 2023, 10:56:52 am »
bump

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf 3 VR6
« Одговори #2 на: 10 Јуни 2023, 16:55:54 pm »
Продадена