Епа другари некогаш есапите и плановите не ни испаѓаат онака како сакаме или планираме, бројот на членови у семејството порасна ама бројот на коли у гаражата мораме да го намалиме за еден примерок.
Се продава Голф 3 ВР6 со 2.8 мотор произведена 1994 година.
Голфот е кај мене и брат ми речиси 2 години, шасијата е оригинал ВР6 и не е преправена. Произведена е за Швајцарски пазар и од опрема поседува:
- Кожен ентериер
- Греачи на седишта
- Електричен шибер
- Електрика на сите 4 прозори
Колата ја земавме со Борбет бандажите на сликата и со спортски амортизери и спирали, од суспензија нема правено промена од моја страна, подвозјето е исправно и нема проблеми.
Уште кога е земена моторот е изваден, сервисирано е ланче, затегач и клизачи за ланецот.
https://i.imgur.com/ZPI25HE.mp4За цело време додека колата е кај мене е гаражирана и одржувана.
Бидејќи секогаш кога продавам кола сум искрен за секој што е заинтересиран од старт ќе кажам во што има вложување:
1. Треба да се промени уље и филтри
2. Гумите не се добри
3. Има една точка на хауба има летнато камче и една мала длабнатинка на петта врата кај спојлерот
4. Ако новиот сопственик не трпи гласен звук треба заден лонец бидејќи овој е испразнет внатре од претходниот сопственик
5. Истечена е регистрацијата
Колата ја ценам на 4000 евра, кој е заинтересиран бујрум на проба во живо и тогаш ќе дискутираме повеќе
EDIT Линк од темата
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25134.0.html