Бидејќи гледам дека има постови поврзани со заварување, ама се раштркани низ други теми, решив да отворам посебна тема, со што сите работи поврзани со заварувањето би биле на едно место.
Да се надоврзам на мојот
пост од другата тема, односно:
„Дали има негде во Скопје да се најдат BÖHLER електроди, ги носи некој? Гледам
овие имаат во
каталогот, ама не знам од кога им е, и дали имаат малопродажба.“
Стапив во контакт со фирмата, и ми дадоа цени за следниве електроди:
BÖHLER FOX OHV - 3693 102 025 - 2.0 mm - 250 mm - 3.9 kg - 500 kom. = 8.747 ден.
BÖHLER FOX OHV - 3693 102 525 - 2.5 mm - 250 mm - 3.9 kg - 320 kom. = 6.516 ден.
BÖHLER FOX OHV - 3693 102 535 - 2.5 mm - 350 mm - 5.5 kg - 320 kom. = 8.694 ден.
BÖHLER FOX OHV - 3693 103 235 - 3.2 mm - 350 mm - 5.3 kg - 185 kom. = 6.496 ден.
BÖHLER FOX OHV - 3693 104 045 - 4.0 mm - 450 mm - 6.6 kg - 120 kom. = 7.912 ден.
Цените се за пакување, со тоа што ги нема на залиха, но може да се порачаат, и се чека најмногу месец дена. Ми дадоа понуда само за овие, затоа што само за тие барав инфо.
За цените нема да коментирам, затоа што искрено мислам дека се плафон.
Земал некој скоро од околниве земји, да сподели искуство?