Автор Тема: Проблем со астра г 1.4  (Прочитано 451 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Проблем со астра г 1.4
« на: 07 Мај 2023, 17:17:10 pm »
Имам проблем со верглање на астра г.
Колата еднаш месечно не дава никакви знаци на верглање, односно на втор контакт ставен клучот светат сите сијалички и кога ја вртам не вергла нема никаков звук. После 5-6 пати таа вергла.
На дијагностика нема ниедна грешка.
Инаку во други денови пали на пола клуч и на топло и на ладно.
Што може да биде?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со астра г 1.4
« Одговори #1 на: 07 Мај 2023, 17:23:28 pm »
Алансер, можно е да стега бендексот од време на време или пак аутоматчето.

Отсутен Alex.mkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Проблем со астра г 1.4
« Одговори #2 на: 07 Мај 2023, 17:30:01 pm »
Уложак од бравата можи не префрла контакт за верглање, лесно можеш да го провериш.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Проблем со астра г 1.4
« Одговори #3 на: 07 Мај 2023, 17:35:22 pm »
Ќе пробам селски да се објаснам.  ;D

Кога ќе го свртиш клучот за да запали, дали се слуша како чеќичање? (чк, чк)
Ако да, носи си едно чеканче и лупај по алансерот да одлепи, и ремонтирај го.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со астра г 1.4
« Одговори #4 на: 07 Мај 2023, 17:40:42 pm »
Уложак од бравата можи не префрла контакт за верглање, лесно можеш да го провериш.

Како? Тоа се случи само два пати досега во 1 год.

Ќе пробам селски да се објаснам.  ;D

Кога ќе го свртиш клучот за да запали, дали се слуша како чеќичање? (чк, чк)
Ако да, носи си едно чеканче и лупај по алансерот да одлепи, и ремонтирај го.

Не дава никакви звуци.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Проблем со астра г 1.4
« Одговори #5 на: 08 Мај 2023, 08:50:42 am »
Алансер/анласер е најверојатно, треба да се ремонтира, не е скапа операција. Сега ќе ти прави така од време на време после ќе почне цело време. Ако те остави негде само чукни го со нешто алансерот, како што ти кажаа погоре.
Претпоставката е мајката на сите заебувања