Епа другари, поради поднова, Меривава иде на оглас.
Еве ја темата, за подетални информации:
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,20883.0.htmlАко некој, нешто дополнително го интересира, тука сум да одговорам.
Па, од прилика вака:
Произведена декември 2004, прва регистрација март 2005 во Италија.
Увезена во Македонија во во ноември 2016.
Од тогаш редовно возена и сервисирана во 2 сервиси во Скопје. (Бис моторс и Астра МС)
Моментално е на скоро 160.000км. Супер сочувана во одлична кондиција. Регистрирана до ноември 2023та. Забелешка само за регулаторот за гориво, ќе треба во брзо време да се менува (знаат да играат вртежите кога не е загреана, и знае некогаш да изгаси во лер, исто кога не е загреана, инаку вози и функционира супер). И потребно е хемиско, барем на седиштата.
Ниво на опрема е Enjoy/Essentia. Се што е на неа е потполно функционално.
Електрика на предни стакла, мануелен клима уред, светла за магла, bluetooth на фабричко радио, мануелни ретровизори итн итн
Алуминиумски бандажи со летни гуми Hankook Ventus Prime 3, купени крај на 2018та со поминати околу 20.000км, има уште најмалце толку возење.
Челични бандажи со зимски гуми, 2x Sava Eskimo 3+ и 2x Hankook Winter Icept 2, купени 2016та и 2017та со поминати помалце од 15.000км. Моментално се вози на зимски гуми.
2 сета патосници, платнени и гумени, по мерка.
Акумулаторот е тазе, од почетокот на зимава, практично неколку месеци стар.
Во последнава година сите сервиси што се направени се со фактура (Астра МС) вклучувајќи и направен голем сервис и сменет алансер. За претходните сервиси, може да ве посочам во сервисот каде што се направени, за проверка (БИС Моторс)
Цена: 2.500 евра (за нормален народ), 2.200 евра за клабери (па може и уште нешто да се договараме).
Контакт: 071 333 190 - Никола, или тука, или на ПП - сеедно.
Тоа би било тоа. Генерално, кој и да ја купи, има уште многу возење во неа.