Сопственикот на ова возило или не знае да седнува во кола или толку е слаб квалитетот на тапацирот на седиштето, мене на мојата кола со скоро 300к км не е вакво возачкото седиште. Ако другите параметри ти се ок, се средува и тоа ама ете ми влезе во око таа слика.
Искрено тоа не го приметив, а кога веќе ги спомна седиштата, сега кога повторно ги гледав сликите забележав дека возачкото седиште е скинато на еден раб(се гледа на сликата). Возилото во текот на оваа недела треба да го видиме, баш ќе видам за седиштата. Онака гледам сочувано, кажа човекот освен некои гребнатинки никогаш не е удирано и фарбано, со мотор трошење на уље и антифриз немал проблеми, го носел редовно на сервис се што дошло на ред и што му кажал механичарот си мењал. Го прашав дали е на ланче или ребрест кајш и дали е мењат, вели појма немал, ќе видел во сервисната книшка.
Инаку читав за возилото, за неговите 1.6 со 117кс и тежина од 1260кг било доста брзо, а од друга страна како за бензин океј потрошувачка, само слушнав многу бучен мотор имал