Откако излезе Меганот во оглас и го лапна првиот што се јави (што реално му требала колата за себе), ич не ми текна да го тргнам огласот, до наредниот ден не можев да кренам глава од прекупци.
Не ни стигнував ни да им кажам дека е продаден, веднаш у напад, вулгарно и агресивно спуштаа цена за 1000 евра, ненормален сум бил, ова, она...абе друже, чекај малку, продаден е веќе....хмм, аха, епааа добро, може ли да се знае за колку и на кого...