Автор Тема: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 Plug-In Hybrid 180 Active Pack  (Прочитано 4188 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 Plug-In Hybrid 180 Active Pack
« Одговори #45 на: 27 Ноември 2022, 14:58:36 pm »
...

Нема шанси точно да ми текне кај кои Хјундаи/Киа HEV/PHEV беше кога го гледав на тестови (Во најлош случај ја имам помешано со Хонда/Мазда ама не верувам). Кај комплетно електричните Хјундаи/Киа е да ги ставиш со лопатчето за регенерација на Ниво Нула (да не регенерира) и да задржиш пола/една секунда и ќе кочи само со плочки и дискови.




Баш така. А згора и моторот ќе го помине целиот свој животен век во незагреана работа. БМВ имаше некои интересни откритија на тоа поле со 225xe.


Колку само бев загреан за 225хе, а и уште сум, тогаш беше 22.000 еур, плаг ин, 1.5 турбо, 4х4, простор таман, на хартија се што ти треба.

Е сега од друга страна никако не ми се даваат куп пари за каско, за сервиси и сл. И како што вика Луки, нема да видиш заштеда никаква у спордба со старата кола, само ќе уживаш у нова технологија и нова кола.

Тоа со моторот го прочитав некаде, а и Луки потврди дека не работи пумпата за уље цело време, а безвезе е што моторот се пали кога електричниот нема доволно сила и работи најчесто у високи вртежи незагреан и неподмачкан.

Скромно ми спомна газдата на БМВто дека за сервис на 70.000км у БМВ му барале околу 800еур. Што се менува немам појма.


А за електрична кола стварно не ми треба Тесла или Тајкан(Тајкун по нашки), ми треба електричен УП, Сити Го, Свифт..... Ама не по цена на нова Голф ГТИ.


Најголемиот проблем со масло/пумпа е самата изведба на маслените пумпи. Кај сите кои користат мотори што некогаш ги има и во нехибрид опција најчесто пумпата е задвижувана или од ребраст/ланче/струја и анласерот/стартерот и комбинацијата со електромотор е онака мех. Кај Тојота дури и кај нехибридите (позајмена од хибридите) маслената пумпа е директно на радалица (личи на лагер ама не е).


Кога се пали моторот на внатрешно согорување, си има ЕМ1 со 40-50кс кој инстантно прави синхронизација на вртежите на моторот на бензин со брзината со која се движиш и во самиот процес на запалување на моторот преку радалицата (на колку и вртежи да го завртува) на толку вртежи врти и маслената пумпа и има инстантен притисок на масло и подмачкување. А да не спомнувам дека секој тојота хибрид додека не загрее убаво за да има парно и да има топол мотор не префрлува на струја. Затоа зимно време и кратки релации на незагреан мотор има многу лоша потрошувачка и е бетер од чист бензинец/дизел.



« Последно менување: 27 Ноември 2022, 15:05:17 pm Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.