Автор Тема: FIAT Bravo II Hatchback (198) 1.4 90 HP бензин/ТНГ  (Прочитано 771 пати)

Отсутен Valentin2022

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
FIAT Bravo II Hatchback (198) 1.4 90 HP бензин/ТНГ
« на: 31 Октомври 2022, 23:39:13 pm »
         Здраво, поседувам Фиат Браво од 2007 год. 1.4 бензински мотор, а од 2017 има поставено плински уред. За една и пол година (откако возилото е во моја сопственост) сменив пумпа за бензин двапати. Ми рекоа дека тоа е чест проблем кај возилата со вграден плински уред, бидејќи додека возилото работи на плин, бензинската пумпа исто така работи и поради тоа и се намалува работниот век. Ме интересира дали ова е чест случај и кај други возила со вграден плински уред, и дали некако може да се превземе нешто како овој проблем би се избегнал?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: FIAT Bravo II Hatchback (198) 1.4 90 HP бензин/ТНГ
« Одговори #1 на: 01 Ноември 2022, 01:18:33 am »
Не ја оставај без бензин, мин една третина имај секогаш во резерварот. Друго чаре нема

Отсутен tomm1060

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: FIAT Bravo II Hatchback (198) 1.4 90 HP бензин/ТНГ
« Одговори #2 на: 01 Ноември 2022, 01:37:58 am »
Не една третина, него пола резервоар. Од две причини, првата за да се продолжи векот на траење на бенз. пумпа, втората заради итни ситуации, секогаш имај гориво во колата. Бензинската пумпа при работа загрева, и покрај тоа што возиш на плин, таа "врти" во празно...затоа секогаш треба да биде целосно потопена во бензин.На тој начин нејзината работна температура се регулира, и плус нема да го повлече цело ѓубре и талог од дното на резервоарот. Тоа е плус причина поради која откажуваат бенз. пумпи.Маана е ако не се запазуваат овие "основни" правила и секако провери од кој производител ставаш заменска пумпа, да не е турско/кинеско  ѓубре.

Sent from my motorola one using Tapatalk

What is Alfa Romeo known for?
It was founded on 24 June 1910 in Milan, Italy, as A.L.F.A., an acronym for Anonima Lombarda Fabbrica Automobili. The brand is known for sport-oriented vehicles and has been involved in car racing since 1911.🍀

Follow me on IG: https://www.instagram.com/disco_volante159/#

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: FIAT Bravo II Hatchback (198) 1.4 90 HP бензин/ТНГ
« Одговори #3 на: 01 Ноември 2022, 08:32:25 am »
Треба да се вози на бензин од време на време, посебно во лето, тоа мене ми го препорачаа од Плимонт кога монтирав Ловато пред некои 10 години и имај секогаш најмалку 1/3 бензин во резервоарот.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: FIAT Bravo II Hatchback (198) 1.4 90 HP бензин/ТНГ
« Одговори #4 на: 01 Ноември 2022, 08:48:52 am »
Вози Французин и да те видам дали ке знаеш колку имаш бензин

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: FIAT Bravo II Hatchback (198) 1.4 90 HP бензин/ТНГ
« Одговори #5 на: 01 Ноември 2022, 09:03:32 am »
Вози Французин и да те видам дали ке знаеш колку имаш бензин

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Така ќе нема мака никогаш со пумпата, мене ќе ме испаничи одвреме на време ќе замини под резерва тие коцкичките ќе ставам 500ки ќе се ресетира и ќе излези дека 80%полн ми е резерварот од шо ме тера да ставам по некоја стотка во паника :D

Sent from my SM-A202F using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html