Автор Тема: Извоз на патничко моторно возило од Македонија и увоз во Германија  (Прочитано 16683 пати)

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
ја читав повторно темава, бидејќи 2 колешки си ги донесоа колите (пред истек на 1ва година од преселба во Германија) на МК таблици, и цела процедура без компликации си ја завршија таму во Германија. Дали на крај одјавуваа таблици во МК или нешто слично, не би знаел, и ако се прави, дали го правеле они лично или иде преку службите таму. Ама во секој случај многу едноставно си ја изведоа процедурата и сега не ми е јасно зашто членот Дибидус морал да ја тера вака работата за да му побеле косата.

@ficomk Moram da te prasam, dali odele niz istava procedura kako Dibidus, kako sto ja ima opisano na pocetok, ili mozebi na drug nacin? Dali ja vozele do Germanija na nasi postoecki tabli mozebi?

Prasuvam za da znaeme so moze pomalku da se setame po nasive institucii :)

Dokolku mozes da doznaes, bi ti bil mnogu blagodaren. Zz

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
знам дека ги донесоа колите таму на наши таблици, со возење, си ги возеа некој период па ги префрлија таму без проблеми, и дури мислам дека прилично ефтина е постапката. Ќе ги прашам и двете подетално како точно направиле и ќе постирам тука за да имаме порелевантно информации. Се надевам за неколку дена ќе постирам пак.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
ќе морам дупли пост, но еве во кратки црти каква била процедурата што едната од колешките ја има истрчано:
- колата си ја донесе во Германија на МК таблици пред да поминат 12 месеци како е преселена
- колата треба да е најмалку 12 месеци во сопственост на лицето кое ја регистрира во Германија, се докажува со сообраќајната
- извадено осигурување
- однесена на технички
- регистрација во ordnungsamt
- они испраќаат документи до zollamt, па од нив стасува писмо, и треба да се пополнат документи за да те ослободат од ддв и царина

тоа е во кратки црти, процедурата ја коштала околу 200 еур вкупно, од кои 35 за таблици и 30-40 еур некоја такса, tüv не знам колку е...

Ti blagodaram mnogu @ficomk !

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Нема на што, не напоменав дека процедурата беше во Франкфурт, ама верувам дека секаде е исто.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Malku me cudi,no mozno e.Dali zollamt ke ja zbrka rabotata da ja odjavi od Mk kolata,mada i da ne e ne se plaka danok vo Mk.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен car

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Здраво.Имам прашање колку време може да се вози кола странство која што е на македонски таблици конкретно се работи за Германија?дали некој имал искуство со македонски кола да вози во германија подолго време.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Законски е 6 месеци.Зависи за што мислиш,да живееш таму или да останиш подолго време,а дљ не си пријавен на адреса и сл.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
ќе морам дупли пост, но еве во кратки црти каква била процедурата што едната од колешките ја има истрчано:
- колата си ја донесе во Германија на МК таблици пред да поминат 12 месеци како е преселена
- колата треба да е најмалку 12 месеци во сопственост на лицето кое ја регистрира во Германија, се докажува со сообраќајната
- извадено осигурување
- однесена на технички
- регистрација во ordnungsamt
- они испраќаат документи до zollamt, па од нив стасува писмо, и треба да се пополнат документи за да те ослободат од ддв и царина

тоа е во кратки црти, процедурата ја коштала околу 200 еур вкупно, од кои 35 за таблици и 30-40 еур некоја такса, tüv не знам колку е...
A MK tablicite kade kako sto?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Па најверојатно кога ќе се заврши бирократијата и кога ќе земиш Де табли им ги даваш Мк таблите,па они дали ќе ги пуштат или тебе ќе ти кажат да ги пуштиш во Мк ...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
немам инфо за таблиците, ако е потребно ќе прашам во следна прилика.