Ги нема фанато град,здраво е се сега за сега.Картошијата е скоро фтасана за берба.
Имам сопствен казан но не е само казан проблемот,треба да имаш садеви,буриња за 20т+ грозје да го измуљаш па да го вариш.
Дрвата дојдоа 4000ден за кубик,а каде е денгубата па цела таа ракија да ја собериш во садеви па да и наоѓаш пласман.
Но најпрво треба да го обериш,а за да го обериш треба фамилијарно 4-5 души да се организираш а и аргат еден минимум за изнесување,татко ми има проблем со кичмата,моментално оди на физикална,и доста му е работа,од први е пензионер и нека си ужива во пензинерските денови,има доволна заштеда да си ужива во неа.
За 20+т да обериш треба едно 6 тракторски приколици да наполниш односно 6 дена треба да се бере,6 дена денгуба за 4-5 луѓе.
На оваа цена на грозје и гориво,не си ни на позитивна 0.
Коцките за мене полека се редат,за брзо се селам од оваа вукојебина и со овие цени на грозјето не ми се стапнува таму да го берам.
На времето за време на Југославија со 20т грозје се правеле куќи,се купувале коли и трактори.
Со 3т картошија се купувало трактор и приколица,а сега со 3т можеш да купиш велосипедче.
http://www.reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=4400962