Автор Тема: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).  (Прочитано 943 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Се продава лозов насад со род Смедеревка со површина од 6700м2.Насадот е околу 12 години,сработен и очекуван род од околу 15т.
Цена 500 000 ден.

Се продава лозов насад Картошија со површина од 3400м2,очекуван принос од околу 4Т.
Цена 200 000ден.

Се продава лозов насад Станошина со површина од  2600м2,очекуван принос од околу 3Т.
Цена 150 000ден.

За цените има простор за договор.

Лозовите насади се редовно прскани и обработени,пред 1 недела и изорани,спремни за берење.
Се наоѓаат во атарот на С.Дреново,на 10км од Кавадарци.



« Последно менување: 28 Август 2022, 12:37:36 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #1 на: 29 Август 2022, 19:22:45 pm »
Друже абе обери си ги, после продавај ги 😁

Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #2 на: 29 Август 2022, 19:59:28 pm »
Ако не го потепало градот...
Само во ракија претворање му е мајката.

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #3 на: 29 Август 2022, 20:29:46 pm »
Ако не го потепало градот...
Само во ракија претворање му е мајката.
абе и ракијата не е тоа што беше, кога на кантар ќе стави-ш: досегашни трошоци за насадот (орање мин.х2, кроење, врзување, прскање мин.х4, лачење, можеби и поливање,  под претпоставка дека има сопствен казан и казарница...), аргати за берба (тука не е ставено надница за себе кога работел), колку е цена на кубик дрва, дека пазарот е преплавен со ефтина и "квалитетна" ракија, денгуба за варење... испаѓа салам заебана работава и сосема го разбирам зошто се одлучил на чекорот продажба.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #4 на: 29 Август 2022, 21:50:36 pm »
Така е, ама и додека да стигнеш до ракија, шо викат кај нас у Кавадарци, мече че родиш. 😁😁😁

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #5 на: 29 Август 2022, 21:52:03 pm »
Ги нема фанато град,здраво е се сега за сега.Картошијата е скоро фтасана за берба.
Имам сопствен казан но не е само казан проблемот,треба да имаш садеви,буриња за 20т+ грозје да го измуљаш па да го вариш.
Дрвата дојдоа 4000ден за кубик,а каде е денгубата па цела таа ракија да ја собериш во садеви па да и наоѓаш пласман.

Но најпрво треба да го обериш,а за да го обериш треба фамилијарно 4-5 души да се организираш а и аргат еден минимум за изнесување,татко ми има проблем со кичмата,моментално оди на физикална,и доста му е работа,од први е пензионер и нека си ужива во пензинерските денови,има доволна заштеда да си ужива во неа.
За 20+т да обериш треба едно 6 тракторски приколици да наполниш односно 6 дена треба да се бере,6 дена денгуба за 4-5 луѓе.
На оваа цена на грозје и гориво,не си ни на позитивна 0.
Коцките за мене полека се редат,за брзо се селам од оваа вукојебина и со овие цени на грозјето не ми се стапнува таму да го берам.



На времето за време на Југославија со 20т грозје се правеле куќи,се купувале коли и трактори.
Со 3т картошија се купувало трактор и приколица,а сега со 3т можеш да купиш велосипедче.

http://www.reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=4400962
« Последно менување: 29 Август 2022, 21:57:38 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #6 на: 29 Август 2022, 22:30:39 pm »
Така е, се шо напиша точно е, и кај мене го работиме од шо го имаш, и ајде да не го оставиш така...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #7 на: 30 Август 2022, 10:09:52 am »
Со винското грозје барем имаш колку толку има гарантиран откуп, и од лозје го носиш директ во некоја од винарските визби. Цената не е сјајна ама е подобра од другите овоштија.

Пример за јаболкото, треба да имаш гајби(илјадници), магацин/и па да се отепаш од кревање и растоварање, па во магацинот дел ќе скапат, и на крајот ако најдеш да ги продадеш за мизерна цена од 7-8 ден/кг. Може и да останат не продадени и пак од ново да креваш стотици или илјадници гајби па да бараш да ги исфрлиш негде.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #8 на: 30 Август 2022, 11:02:13 am »
Нема сигурен откуп,со маки и нервози се бере и се молиш да ти го земе винаријата,ти намалува цена со нереални барања на шеќерност,те краде на вага,па за пари ќе чекаш после неколку месеци на рати.А имам неплатено предадено грозје од 2016 година.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Се продаваат лозови насади со род (лозје со грозје).
« Одговори #9 на: 30 Август 2022, 17:50:53 pm »
За Станошината пиши на ФБ по земјоделие.мк, ќе ти ја земат од дома.