Автор Тема: Сообраќајка со три возила  (Прочитано 1136 пати)

Отсутен Martinez

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Сообраќајка со три возила
« на: 08 Август 2022, 18:08:24 pm »
Здраво дечки, прв пат постирам на форумов мада демнам одамна и конечно маката ме натера да постирам.

Пред два дена имав сообраќајка, на семафор пред Влада во лентата за лево, стојам на црвено, пред мене едно возило. Од нигде од никаде ме удри една пијана будала од позади со 50-60 kmh, додека стоиме на црвено, по што удрив во тој пред мене. Бев со девојката, се жалеше на повреди на вратот и откако го приметив идиотов дека е дрво пијан, викнав полиција и брза помош. Фала Богу живи здрави сме и немаме потешки повреди со оглед на околностите (на волот му измериле 2.7 промили алкохол у крв), девојка ми мора да носи мек држач за врат 8 дена.  Од материјална штета сплескан ми е пластичниот браник (Шевролет Спарк '06), пукнат штоп, гепекот е набиен и не се отвара/затвара, предниот браник е истотака малку набиен и изгребан, друга штета нема.

Се јавив во неговата осигурителна (Sava) денес, по што ми рекоа дека имам рок од 3 работни дена откако се случила сообраќајката да поднесам пријава за материјална штета, па ме интересираше како би се одвивала процедурата понатаму затоа што полицискиот записник сеуште не е изготвен, имам поднесено барање со платена уплатница и дали треба да биде присутен и другиот оштетен во којшто удрив јас?
Истотака има ли основа за нематеријална оштета, секако би ангажирал и адвокат.

Присутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Сообраќајка со три возила
« Одговори #1 на: 08 Август 2022, 18:45:07 pm »
И те како има основа, барајте си оштета за повредите и претрпен страв, секако со медицинска поткрепа. Јас би исцедил максимално од него. Не чекај многу.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7119
Одг: Сообраќајка со три возила
« Одговори #2 на: 08 Август 2022, 21:04:17 pm »
Не ми е јасно каков е тој рок од 3 дена, а ако си повреден или во болница,како застарува делото после 3 дена.... Све да им....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Сообраќајка со три возила
« Одговори #3 на: 08 Август 2022, 21:12:50 pm »
3 години мислеле изгледа, греши човек.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Сообраќајка со три возила
« Одговори #4 на: 08 Август 2022, 21:24:33 pm »
Разговарај со банзаи. Он ќе ти помогне.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Martinez

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Сообраќајка со три возила
« Одговори #5 на: 08 Август 2022, 23:00:14 pm »
Не ми е јасно каков е тој рок од 3 дена, а ако си повреден или во болница,како застарува делото после 3 дена.... Све да им....
Па не знам и мене ми звучи бизарно, ама најверојатно во тој случај или иде преку адвокат со полномошно или пак понатаму со тужби, стварно не знам.
Фала дечки ми пиша Banzai, ке видиме што понатаму.

Присутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Сообраќајка со три возила
« Одговори #6 на: 09 Август 2022, 09:46:57 am »
На страната на Национално биро за осигурување треба да има инфо колку како се роковите. За се поинаку, ако се праат паметни, преставка до АСО