Автор Тема: Потврда за немање штети, за бонус во странство  (Прочитано 1468 пати)

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Здраво дечки, од осигурителна компанија во странство ми бараат доказ со историја од осигурителни полиси дека не сум направил сообраќајка со моја кривица,  за да ми намалат цена на осигурување. Цената да осигурам автомобил во странство ми се намалува од 1,340 ЕУР на 280 ЕУР годишно ако приложам ваков документ.

Јас возам од 2013 и не сум имал сообраќајка до сега, но сум имал 3 коли и можеби 5+ различни осигурителни компании. Слушнав од другар дека ваков документ се вадело од Национално биро за осигурување, има некој слушнато?

ЕДИТ: Наслов
« Последно менување: 31 Јули 2022, 10:00:28 am Co9099 »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Потврда од Национално биро за осигурување?
« Одговори #1 на: 30 Јули 2022, 18:51:11 pm »
Документот се вади во секторот за штети на осигурителната компанија каде што си бил осигуран. Истиот се вика "Потврда за немање на штети". Обрати се во твојата осигурителна компанија кај што осигуруваш и ќе ти кажат подетално како им е точната процедура - зошто е различна од компанија до компанија.

Тие ги приложуваш и ако ти се смилуваат ќе ти дадат нешто попуст.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4163
Одг: Потврда од Национално биро за осигурување?
« Одговори #2 на: 30 Јули 2022, 23:29:17 pm »
Јас ги контактирав од осигурителната компанија преку мејл со број на таблици на возилото и ми пратија за ден два исто по мејл, напишана на англиски и со печат. Од осигурителната во Германија (HUK-Coburg) го прифатија тоа и добив попуст.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Потврда од Национално биро за осигурување?
« Одговори #3 на: 31 Јули 2022, 08:33:08 am »
За да може и некој друг да го искористи ова како информација корисно би било насловот да биде посоодветен "Потврда за немање штети, за бонус во странство" или "Попуст за регистрација во странство". Или нешто слично, вака насловот нема врска со прашањето/одговорот.
« Последно менување: 31 Јули 2022, 08:41:35 am Deni »

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 106
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #4 на: 31 Јули 2022, 10:00:55 am »
Ви благодарам многу за одговорите @Deni @ficomk , ќе прашам во понеделник. Го сменив насловот за другите членови полесно да ја најдат темата.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • French diamond
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #5 на: 31 Јули 2022, 10:44:10 am »
Кој дава бонус од 1200 на 200€, алал да му е ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #6 на: 31 Јули 2022, 11:20:43 am »
Ви благодарам многу за одговорите @Deni @ficomk , ќе прашам во понеделник. Го сменив насловот за другите членови полесно да ја најдат темата.
Одлично е сега. Секако остануваш на милост и немилост на тие таму во странската компанија за одлуката колку ќе уважат.

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
  • drive it like you stole it!
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #7 на: 31 Јули 2022, 12:14:31 pm »
Јас ги контактирав од осигурителната компанија преку мејл со број на таблици на возилото и ми пратија за ден два исто по мејл, напишана на англиски и со печат. Од осигурителната во Германија (HUK-Coburg) го прифатија тоа и добив попуст.
Постапив на идентичен начин и добив бонус, во мојот случај во Чешка осигуран преку Allianz.

Sent from my M2101K9G using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #8 на: 31 Јули 2022, 20:36:29 pm »
Јас ги контактирав од осигурителната компанија преку мејл со број на таблици на возилото и ми пратија за ден два исто по мејл, напишана на англиски и со печат. Од осигурителната во Германија (HUK-Coburg) го прифатија тоа и добив попуст.
Добиваш попуст секако ама не целосно колку шо си имал во Мк...
Јас кога ја пишав колата во Де на мое име ми бараа потврда од МВР кога сум положил за кола,па потврди од осигурувањето,па незнам што друго...
Па 2 месеци дур ги средам и добијам документите ме ставија на 100% па ми дојде по 150€ да плаќам месечно,па им се јавив таму во централата да им објаснам во стилот на "чекајте малце другари" и така...
Признаваат,нецелосно,со борби.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4163
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #9 на: 31 Јули 2022, 23:20:14 pm »
@MecheTo  имав 4 години возило на мое име, без штети. Прво ме ставија во 0 класа, за по недела две од кога проверија да ме сменат во 4та.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #10 на: 31 Јули 2022, 23:24:39 pm »
Процент,јас почнав со 75% откако ми ги "признаа" попустите од Мк.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4163
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #11 на: 31 Јули 2022, 23:26:29 pm »
Е не знам колку е процентот, треба да барам, а ме мрзи :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #12 на: 31 Јули 2022, 23:52:24 pm »
Не ми е битно дали кај тебе процентот е помал или поголем.Таква е постапката и кога им ја кажувам на луѓе не веруваат,па препрашуваат,па измислуваат некои нивни правила,слушнале не разбраке па се прават глупи, на крај,абе така испадна како шо кажа.

Отрпнав веќе.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #13 на: 01 Август 2022, 07:35:47 am »
@Co9099
Ако си во Немачка, Барај Го Саша Стевоски и Он ќе ти ја објасни процедурата и ќе ти ја осигура колата. ама за 9 год дека толку ќе ја намалат неверувам. провери си по детално. До кај 500 годишно би ја симнал.

https://www.facebook.com/sascha.stevoski

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4163
Одг: Потврда за немање штети, за бонус во странство
« Одговори #14 на: 01 Август 2022, 09:39:32 am »
Не ми е битно дали кај тебе процентот е помал или поголем.Таква е постапката и кога им ја кажувам на луѓе не веруваат,па препрашуваат,па измислуваат некои нивни правила,слушнале не разбраке па се прават глупи, на крај,абе така испадна како шо кажа.

Отрпнав веќе.
Ти спомна процент, кој е поврзан со SF класата. А како што гледам, процентите се горе доле слични помеѓу осигурителните.
У мојот случај како што пишав, ми ги признаа сите 4 години од МК како да сум бил осигуран тука.