Автор Тема: Подигање на обртаи кога пуштам клима..  (Прочитано 635 пати)

Отсутен Mvrik

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Citroen C4 1.4 16v 2005.

Веќе година дена ја имам колата и нема никаков проблем, освен додека пред некое време не почнаа да се креваат обртаите кога климата е пуштена.

Почнува да се тресе кога сум на семафор, и пред секое застанување крева обртаи зависно од тоа кога ја ставам во лер, пример ако возам на 1800 обртаи и ја ставам во лер,
обртаите се креваат можеби дупло повеќе и им треба некое време дур се спуштат кога ќе застанам. Кога климата е угасната тоа не се случува.

Истотака, го наполнив фреонот пред месец дена (правеше така и пред да го наполнам) и приметив дека климата воопшто не лади, тоа можеби се должи на хладњак или на фреон.

Ве молам за мислење ако имате да го споделите, и препорачајте ми сервис за Citroen во Скопје.

Поздрав екипо и секое добро!