Некотролирано работење на DIESEL мотор е ретка појава каде што моторот работи неконтролирано,користејќи го маслото за подмачкување како гориво и постепено зголемувајќи ги вртежите на моторот се до состојба каде што моторот од превисоките вртежи се уништи,или до состојба во која ке се потроши маслото за подмачкување и со тоа моторот ке престане со работа.
Ова се случува кога имаме продор на масло за подмачкување во цилиндерот,претежно преку вентилите или кај турбо моторите преку турбината и заедно со воздухот во цилиндерот или со ставање на премногу масло за подмачкување во моторот.Маслото за подмачкување на високи температури е запаливо под висок притисок исто како дизел горивото.Кога ке дојде до ваква појава,моторот продолжува да работи самостојно без контрола,како моторот ги зголемува вртежите така се повеќе и повеќе масло се внесува во цилиндрите и вртежите нагло се зголемуваат се додека моторот не постигне вртежи со кои ке се уништи самиот.
Има неколку начини за да се сопри ваквото неконтролирано работење на моторот.Еден начин е да се прекини доводот на воздух,или со дирекно пуштање CO2 или против пожарен апарат во доводот на воздух односно во филтерот за воздух а знаеме дека без воздух немам детонација кое ке резултира со престанување на работата на моторот.Кај автомобилите со мануелен менувач најлесен и наједноставен начин е со ставање на менувачот во висок степен на пренос и нагло испуштање на кумплугот со што моторот ке престане со работа.
Во прилог неколку видеа од ваква појава.