Си ја зедов денес од TeamAuto. Прештелувани KWv3 coilovers за да одговараат на новите бандажи кои се 40ина проценти полесни од старите, што имаше бааѓи влијание на колку брзо се компресира амортизерот и колку брзо враќа. Односно компресијата беше недоволно цврста пошто тркалото идеше нагоре повеќе од што треба, и се враќаше надолу бааѓи поспоро од што треба пошто така функционира гравитација

сега е наштелувана, и плус му кажав да ја подзацврсти малце, од тоа што ја пробав по кривините околу Кале/америчка амбасада, многу е по-compliant низ кривини.
Чекам инфо за цени за H&R балансштангли на кои ќе одат и подесиви по висина стабилизатори за да се комплетира целосно геометријата.
Набавив некој држач за телефон што се закачува за потпирачот на седиштето, следнава недела ќе одам накај Кичево, па ќе ставам по некое видео од Стража како оди.